Инфо  

Галерии

За претседател на СЗПМ и претседател на извршниот одбор на СЗПМ повторно избрана досегашната претседателка Станка Трајкова

29.3.2023 На денешна седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија едногласно со акламација повторно за претседател на Сојузот и на Извршниот одбор беше избрана Станка Трајкова.

Информација во врска со емисијата на ТВ 24 на авторот Билјана Секуловска емитувана на 5.3.2023

22.3.2023 На 3.3.2023 година на барање на новинарката на ТВ 24, Билјана Секуловска, имаше средба во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Новинарката дојде со цел да дознае каде се трошат парите од членарината на пензионерите.

Прес-конференција по завршување на Советот за социјална сигурност за усогласување на пензиите

22.3.2023 На 16 март 2023 година заседаваше Совет за социјална сигурност на кој покрај членовите на Советот присуствуваше Премиерот Димитар Ковачевски и Министерката на Министерството за труд и социјална политика. По седницата имаше прес конференција на која за јавноста и медиумите се обратија Премиерот Димитар Ковачевски и Министерката на Министерството за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Претседателката на Сојузот на здруженија на Македонија Станка Трајкова

Усогласување на пензиите

15.3.2023 Со исплатата на мартовската пензија, усогласувањето на сите пензии изнесува 8,4%. Вака зголемената пензија преставува основица за наредното усогласување на пензиите.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова

12.1.2023 Премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска ја остварија средбата во Сојузот на здруженија на пензионери, со цел да ги потврдат определбите на Владата за конкретна и постојана грижа за стандардот на пензионерите.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со членовите на Извршниот одбор на Сојузот

17.12.2022 Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со членовите на Извршниот одбор на Сојузот, на која стана збор за актуелни прашања кои се од интерес на пензионерите.

Средба на министерот за здравство, д-р Беким Сали и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери na Македонија Станка Трајкова и нејзините соработници

8.12.2022 На 7.12. 2022 година се оствари средба на министерот за здравство, д-р Беким Сали и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери

Свечено одбележано 76 годишно постоење со идавање на монографија

22.11.2022 Здружението на пензионери Битола на 19.10.2022 год. ја одбележа 76 годишнината од пензионерското организирање во Битола, со сумирање на постигнатите резултати и промоција на својата првата монографија под наслов ,,76 години позитивни активности“.

Посета на пензионерите од Подгрaдец во Албанија

21.11.2022 Во рамките на меѓународната соработка на Сојузот, на 17 ноември 2022 година, во Подградец, Р Албанија, беше одржана работна средба на која беа присутни пензионерите од Подградец

Дружење низ соживот

14.11.2022 На 12 ноември 2022 година, околу 230 пензионери по дваесет и петти пат, во чест на денот на ослободувањето на Гостивар, присуствуваа на традиционалната пензионерска средба, која помина во другарување кое ќе остане незаборавно на пензионерите, кои беа од различни етнички средини.

Добиен Грант од Европската унија за поддршка на старите лица во рурални средини

17.10.2022 Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија конкурираше преку Црвениот крст на РС Македонија за средства во рамките на грант-договорот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на ковид-19 и идни катастрофи“

Отворени два нови клуба

5.10.2022 ЗП Центар, на 4 октомври 2022 година, на свечен начин го отвори пензионерскиот клуб „Миле Арсовски“, а една седмица пред тоа, исто така, беше отворен пензионерскиот клуб „Гоце Делчев

КУД „Пензионер“ на гости во Врњачка Бања

4.10.2022 На последниот ден од септември месец, пензионерите, членови на оркестарот и хорот при КУД „Пензионер“ од ЗП Прилеп, одржаа ревијален концерт во Врњачка Бања, Р Србија

„Ја сакам уметноста во сите нејзини облици“

3.10.2022 Јас сум кумановка. Отидов да работам во Шведска како медицинска сестра, по наговор од брат ми Владимир Станковски, тогаш професор на Металуршкиот факултет во Скопје

1-ви Октомври Меѓународен ден на старите лица

28.9.2022 Во денешни тешки услови на живеење Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ќе го одбележи овој ден под мотото „РУРАЛЕН ПЕНЗИOНЕР” бидејќи 2022 година е прогласена за година на рурален пензионер

Усогласување на пензиите според новата методологија

23.9.2022 Со исплатата на септемвриската пензија, усогласувањето на сите пензии изнесува 6,8%. Вака зголемената пензија преставува основица за наредното усогласување на пензиите.
<< претходни 20 записи следни 20 записи >>
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3