За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ „ШУТО ОРИЗАРИ“ - СКОПЈЕ ЗА 2015 ГОДИНА

Здружението на пензионери Шуто Оризари- Скопје ја прогласи 2015 година за солидарна. Комисијата за припрема на програмата на Извршниот одбор на ЗП Шуто Оризари во состав за претседател Љилјана Хајдар, а за членови Трајче Костадиновски и Сали Сулејман. Комисијата предлог програмата ја презентира до Извршниот одбор на ЗП Шуто Оризари, и е усвоена од членовите на Извршниот одбор.
Комисијата за спорт и рекреација на Здружението во состав: претседател Мирадија Ибраим и членови, Бајрам Селим и Исмаил Исмаил, почнувајќи од 14 јануари 2015 до 14 февруари 2015 година вршат попис на членови за бањска рекреација за бањите во Македонија.

Во месец март активот на пензионерки од ЗП Шуто Оризари ќе организира свеченост по повод 8 март Денот на жената, и на оваа прослава ќе се вклучат и жени кои не се пензионерки од општина Шуто Оризари за меѓусебно дружење.

Комисијата за социјала во состав :претседател Магбер Ибраим и членови Рамадан Јашар и Трајче Костадиновски ќе направат социјална карта на пензионерите од нашата општина
Комисијата за култура и спорт во месец март ќе почнат со припремите за регионални спортски игри,кои треба да се одржат во месец мај, на кои ќе земе учество и нашето Здружение.

Во месеците Јуни и Јули, во договор со некои невладини организации од Шуто Оризари и надвор од неа, ќе се одржат едукативни предавања и работилници и ќе земат учество поголем дел од пензионерите.

Во месец Август во соработка со Градскиот црвен крст и општинскиот од Чаир нашите пензионери ќе земат учество во сите активности и едукативни предавања и прегледи , за шеќер во крв, притисок и друго.

Во месец Септември и Октомври ќе се организира еднодневна екскурзија до Милениумскиот крст - Водно и низ републиката по можност и надвор од републиката, воедно, доколку се обезбедат средства ќе се учествува и на Републичките спортски игри и музички ревии.

Во месец Ноември земаме учество на традиционалниот шаховски натпревар кој се организира по повод 13 ноември ден на ослободувањето на Скопје во организација и покровител е град Скопје и градоначалникот.

Месец декември Извршниот одбор на Здружението ќе побара отчет на комисиите за нивната активност од програмата за 2015 год.

28.2.2015
ЗП „Шуто Оризари“
Скопје

Извршен одбор на ЗП „Шуто Оризари“
Ариф Бекир, претседател

 
  изработено од Medium 3