Инфо  

Состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со проектот "The Age-Friendly Balkan Countries Network“

5.7.2025 На 27 јуни 2025 година се одржа состанок со претседатели и претставници на скопските здруженија во врска со Поканата до Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија односно до скопските здруженија на пензионери да учествуваат во Меѓународен проект за условите на живот на пензионерите во градот Скопје
Меѓународен собир „Денови на меѓугенерациски соживот 2025“ во Љубљана

СЗПМ потпишана „Декларација за мѓугенерациска соработка“ заедно со Сојузите на пензионери на Словенија, Австрија, Италија, Унгарија и Хрватска

20.6.2025 На покана на претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Словенија, делегација од СЗПМ во состав Станка Трајкова Претседателка на СЗПМ и Даница Петличкова претседателка на најголемото здружение членка на Сојузот, здружението на пензионери од Битола, присуствуваа на четвртите „Денови на меѓугенерациски соживот“ во Љубљана

Одлука на Уставен суд

18.6.2025 По иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, донесен на 21.12.2015 година, Уставниот суд донесе решение со кое иницијативата се одбива. Текстот се објавува поради транспарентност и целосно информирање на членството.

Одредени се здруженијата што ќе го претставуваат СЗПМ во 2025 година на Фестивалот за трета возраст во Словенија

12.6.2025 Ве известуваме дека за учество на Меѓународниот фестивал „Трета доба“ во Љубљана во 2025 година, ќе учествуваат ЗП Куманово и ЗП Крива Паланка.

Мислење од независен ревизор за работата на СЗПМ во 2024 година

5.6.2025 Според наше мислење, финансиските извештаи ја прикажуваат реално и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската позиција на СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА на 31 декември, 2024 година, како и финансискиот резултат за годината што тогаш завршува, во согласност со македонската сметководствената регулатива што се применува, Законот за сметководство на непрофитните организации и Правилникот за непрофитни организации.

Финансиски извештај за 2024

5.6.2025 Заради транспарентност и јавност во работата го објавуваме повторно финансискиот извештај на СЗПМ за 2024 година

Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво

3.6.2025 ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2025 година на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Страници на здруженија

Галерии

 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3