За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионерите „Солидарност-Аеродром“-Скопје основано е во 2009 година, а регистрирано е во Централниот регистар на 14 Април 2009 година. Овој ден го сметаме како ден на основање на здружението.
Здружението има 5 (пет) ограноци и тоа:

  • Огранок Вардар
  • Огранок Аеродром
  • Огранок Јане Сандански
  • Огранок Ново Лисиче
  • Огранок Лисиче

Здружението брои околу 12.000 пензионери.

Ограноците територијално ги покриваат сите урбани и месни заедници на подрачјето на општина Аеродром-Скопје.

Здружението има 7 (седум) клубови во кои се одвиваат сите активности на ограноците. Исто така во здружението активно работи и Клубот на љубители на книгата во кој се одржуваат промоции на книги, литературни читања и друго.

Здружението постигнува убави резултати благодарение на интелектуалниот и организационен потенцијал кој го поседува раководството и неговото членство. Може слободно да се каже дека здружението спаѓа во категоријата на најактивни здруженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

 
  изработено од Medium 3