Здружението на пензионери на општина Чаир е формирано на 20.12.1977 година, како Здружение на пензионери Чаир и Бутел. Во Октомври 2013 година е регистрирано под ново име и тоа како Здружение на пензионери на општина Чаир. Здружението се наоѓа на ул.„Џон Кенеди“ бр.18 Скопје
Прв претседател на здружението бил Шабан Кека. По него претседателската функција ја извршувале Перо Серафимовиќ, Миле Калковски, Миле Ристиќ, Перо Тагасовски и Ментор Ќоку. Актуелен претседател е Тодор Илиев.
Здружението е составено од членови на старосни и семејни пензионери и брои околу 7.400 пензионери, организирани во 3 огранока на подрачјето на општина Чаир (Серава, Гази Баба и Топанско поле - Чаир).
Здружението има свои органи и тела и комисии, согласно Статутот на Здружението. Највисокиот орган - Собранието го сочинуваат 17 членови; Извршниот одбор (7 членови); Надзорниот одбор (3 члена). Во Здружението постојат следните комисии: статутарна комисија; комисија за културно-забавен живот; комисија за спорт и рекреација; комисија за здравство, здравствена заштита и социјални прашања и комисија за одмор и екскурзии, кои се ангажираат во разни области од интерес на пензионерите-членови на Здружението, во соработка со Сојузот на здруженија пензионерите на Македонија и локалната самоуправа.
Во Здружението активно и со успех работи и Активот на пензионерки, особено на културен и хуманитарен план. Претседател на Активот е Љубица Лолевска.
Здружението располага со 2 клуба на пензионери, благодарение на одличната соработка со локалната самоуправа, односно со општината Чаир, која ги помага сите активности на здружението и една канцеларија во пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Скопје.
Здружението активно учествува на сите културни и спортски манифестации на регионално и републичко ниво, каде постигнува забележителни резултати.
Организирањето и функционирањето на Здружението е регулирано со Статут, Програма за работа, Финансов план и Одлуки на Извршниот одбор.
|