За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на старосни, семејни, инвалидски и други пензионери на Општина Делчево за прв пат е формирано во 1959 година и како здружение функционирало со 57 членови.
Бројката на членови на здружението постојано се зголемува, а здружението како правен субјект во централниот регистер е регистрирано на 17.12.1998 година.

Согласно програмата за работа се организираат екскурзии и редовно се присуствува на пикниците што ги организираат други здруженија.

Хуманоста кон најзагрозените пензионери е присутна и се реализира со доделување на финансиска помош и пакети со основни артикли чија вредност ја одредува извршниот одбор според можностите на здружението.

Здружението на старосни, инвалидски и други пензионери на Општина Делчево редовно учествува на регионалните спортски натпревари а доколку обезбеди пласман и на Републичките спортски натпревари.

Исто така здружението зема учество и на музичките ревии.
Здружението има пензионерски клуб во кој пензионерите се дружат и забавуваат со разни друштвени игри.

Здружението има соработка со локалната самоуправа, црвениот крст, домот на културата, здравствениот дом, невладините организации кои делуваат во Општината.

Здружението има 14 ограноци и од сите ограноци има претставници во Собранието на здружението.
Собранието има 31 член а Извршниот одбор 11 члена.
Здружението има надзорен одбор, Комисија за Статут и правни прашања, Актив на жени, Комисија за спорт и рекреација, Комисија за култура, Комисија за здравство, Комисија за еднократна парична помош, Комисија за тендери, Комисија за попис, и комисија за екологија.

Претседател на здружението е Голубинка Анастасова,
Секретар на здружението е Димитар Арсов.
Делегат во СЗПМ е Димитар Костадиновски.

 
  изработено од Medium 3