За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

П Р О Г Р А М А
За работа на ЗП Гази Баба за 2016 година

За работата на органите, телата и комисиите за извршување на целите и задачите на здружението на пензионерите „Гази баба“ -  Скопје за 2016 година.

Оваа програма произлегува како обврска од Статутот на здружението на пензионерите „Гази баба“ - Скопје, и генералната програма на здружението и ќе се применува (реализира) во текот на 2016 година.
         
             
Задолжителна секојдневни и годишни обврски

1.  Подготовка, утврдување и донесување на финансов план за наредната година.

2. Подготовка и донесување на пресметка со информација за тековното матрејално-финансиското работење,како и завршна сметка за 2015 година.

3. Потврдување на извештајот за работата на извршниот одбор во 2015 година.

4. Подготовка на материјали за седница на Извршниот Одбор и Собранието.

5. Се грижи за извршување и реализација на донесените одлуки на Извршниот Одбор и Собранието.

6. Извршниот Одбор за својата работа еднаш годишно поднесува извештај до Собранието.

7. Собранието утврдува Годишен извештај на Надзорниот Одбор за работењето во 2015 година, по потреба може и периодично.

8. Собранието разгледува и утврдува извештај за Извршниот попис на имовината во 2015 година.

9. Стручната служба ќе ги извршува работните задачи од својот делокруг, утврдени со Статутот на здружението.

10. Ограноците :потребите и активностите ќе ги реализираат согласно Статутот, усогласени со одлука на органите и телата на Здружението. Во реализацијата задолжително ќе бидат вклучени и членовите на Извршниот одбор од соодветниот огранок, по потреба и членовите на Собранието од тој огранок.

11. Клубовите како посебна форма на организирано дружење со дополнување нови содржини ќе работат во ограноците. Работните простории на клубовите да се прилагодат за пристоен престој и заедничка забава, утврдени со прифатлив и достоинствен куќен ред за работа.

12. Излети и екскурзии: ќе се организираат излети и екскурзии по ограноци и заеднички за посета на значајни културно-историски споменици, природни убавини и значајни манифестации (еко- пикници).

13. Потребите од активности поврзани со здравствената заштита (бањско - климатско лекување) хуманитарна помош, ќе се реализира преку соодветна комисија, солидарен фонд согласно одлуката.

14. Посебна важност ќе се посвети на потребите и помошта на болни и изнемоштени лица.

15.Продолжување на соработката по форма и содржина со органите и телата на Сојузот на здруженија на пензионери на град Скопје и СЗПМ.

16.Постојана соработка со органите на локалната самоуправа од општините и градот Скопје.

17.Постојана и максимална поддршка на КУД „Пензионер“ во неговите активности според програмата.

18.Омасовување и проширување на активностите на активот на жените-пензионерки.

19.Интезивирање ,збогатување и омасовување на севкупниот кулурно-забавен и спортски живот со заедничко дружење на пензионерите преку материјално-финансиска и едукативна помош (реквизити,опрема и помагање) на натпревари и турнири

Сите иницијативи и предлози на пензионерите преку ограноците кои се наведени во програмата или ги наметне времето и потребите ќе бидат реализирани во согласност со материјално – финансиската можност.

Претседател на Собрание
Ана Ѓорѓиева 
Претсед. на И.О
Ѓорѓе Андонов
 
  изработено од Medium 3