|  | Во Здружението на пензионери Илинден,  членуваат доброволно здружени граѓани – пензионери од подрачјето на Општина  Илинден и тоа: старосни, инвалидски, семејни и земјоделски. Формирано е на оснивачко  Собрание одржано на 15 декември 2010 година. Оснивачи на Здружението на пензионери Илинден се: 
             Владимир Јовановски Војче Гоѓиевски Велко Цветковски Љубомир Ивановски Никола Анѓеловски Целта на здружувањето е  заштита и остварување на правата од пензиско – инвалидското осигурување,  здравствена заштита, како и задоволување на социјалните, културните, спортските  и другите потреби на членовите. Здружението е самостојно во организирањето и  дејствувањето на своите цели, а работи според својот Статут и други општи акти.  Здужението има четири  ограноци и тоа: Илинден, Кадино, Марино и Миладиновци во кои функционираат  Клубови на пензионери, каде членовите читаат весници, играат шах, се дружат, се  забавуваат и се подготвуваат за Ревиите на песна, мусика и игри и Спортските  пензионерски натпревари на општинско, регионално и републичко ниво. Здружение на пензионери Илинден брои околу 2 250 пензионери.
 |  |