За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружение на пензионери Кисела Вода – Скопје е едно од најстарите здруженија во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Здружението брои над 12 000 членови од следните општини: Кисела Вода, Зелениково, Сопиште и Студеничани. Здружението може да служи за пример на другите здруженија според своите многубројни активности на сите полиња на делување. Активностите се одвиваа преку 12 ограноци, како и во Клубовите на пензионери кои ги има во сите ограноци. Клуб на пензионери нема само во огранокот Студеничани, но во огранокот Кисела Вода има два Клуба на пензионери. Толкав број на Ограноци и Клубови нема ниту едно здружение членка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Во здружението активно работи и Активот на пензионерки.

Здружението на пензионери Кисела Вода – Скопје активно учествува на сите културни и спортски манифестации од ниво на ограноци до манифестации на ниво на државата каде постигнува забележителни резултати.
Информирањето на членството е на висина, а масовноста исто така.

Ваквата активност на здружението е во континуитет од формирањето до денес, а така ќе биде и во иднина, благодарение на ангажираноста на раководството, на членството, на соработката со локалната самоуправа и Сојузот на здруженија на Македонија.

Здружение на пензионери Кисела Вода

ул. Иван Козаров бр.24 лок.50
Телефон: 02 3 22 44 52 моб. 075 327 515
E-mail: zpkiselavoda@gmail.com

 
  изработено од Medium 3