Здружение на пензионери Крива Паланка и Ранковци
Здружение на пензионери Крива Паланка и Ранковци според податоците со кои располага здружението формирано е во 1959 година, како Подружница Крива Паланка. Во тоа време Подружницата броела само 160 членови – пензионери. Овие податоци се од декември месец 1959 година. Пред да биде формирана Подружницата Крива Паланка , пензионерите биле организирани во здружението на пензионери во Куманово.
Во текот на повеќе годишното постоење здружението поминувало низ бурни моменти од своето постоење и имало свои подеми и падови.
Во шеесеттите години од минатиот век бил изграден Дом на пензионери со 9 соби и Клуб за дневен престој на пензионери. Подоцна е направена замена и Домот е даден ба Републичкиот фонд за пензиско инвалидско осигурување на Македонија, а за сметка на тоа добиен е друг многу помал простор во зградата на ФПИОМ со бифе клуб и канцеларија.
Како што минувало времето се менувале и раководствата на здружението.
Прв претседател на здружението бил Филип Филиповски, а претседател со најдолг стаж бил Славко Стојановски, кој на оваа функција бил се до изборите во 2019 година, кога за претседател на здружението е избран сегашниот претседател Трајча Давидовски.
За време на своето постоење здружението имало богати активности и е едно од најактивните здруженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. За тоа сведочат голем број на признанија и пофалби добиени од СЗПМ и од други институции и здруженија со кои соработува ЗП Крива Паланка и Ранковце. Посебно заслужува да се истакне наградата од Општината, која здружението ја има добиено во 2018 година по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка, 8 октомври.
Како и сите други здруженија членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и ова здружение има свои органи и тела, како и свој Статут, а секоја година донесува програма за работа и усвојува Извештај за работа и годишна сметка.
Со изборите во 2019 година , новоизбраното раководство е фокусирано главно да програмските цели и задачи зацртани во програмата и на активности во интерес на членството.
Што е однесува до финансиското работење, здружението средствата добиени од членарината се обидува да им ги врати на пензионерите преку разни форми и активности.
Соработката на здружението со општината и со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е на посакуваното ниво и учествува во сите активност организирани од Сојузот и од градот. |