| 
          
            | 
              
                | Контакт  Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонијаул. 12 Ударна бригада бр.2
 Работнички дом
 1000 Скопје
 Македонија
 тел. 3223 710
 факс 3128 390
 п.фах 440
 e-mail: kontakt@szpm.org.mk
 |  |  
            | 
              
                | Kontakt Sojuz na zdruzenijata na penzionerite na Makedonijaul. 12 Udarna brigada br.2
 Rabotnicki dom
 1000 Skopje
 Makedonija
 phone. + 389 2 3223 710
 faks . + 389 2 3128 390
 p.fah 440
 e-mail: kontakt@szpm.org.mk
 |  |  
            |  |  
            |  |  
            |  |  
            |  |  | СЗПМ го одбележува 20 септември како  Ден на пензионерите на Македонија во знак на донесувањето на првиот Закон за  пензиско и инвалидско осигурување во далечната 1946 година, кога беа  пензионирани првите работници , со што се формира организацијата на  македонските пензионери како колективен член на единствените синдикати во  Македонија. .jpg)
 Во 1947 година биле евидентирани  околу 5оо пензионери, во 1960 година тој број е зголемен на 15.321, десет  години подоцна 51.537, во 1980-84.948, во 1990-166.224 и во 2000 година 241.221  пензионер. Веќе во 2005 година бројот на пензионерите во нашата земја се  зголеми на 272.740,  во 2010 тој изнесува околу 280.000, од кои 225.000  се членови на  Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.  СЗПМ е асоцијација на 53 здруженија  на пензионери, доброволно здружени во Сојузот заради заштита и унапредување на  заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија,  за поцелосно и единствено залагање за остварување на  правата од пензиско  и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување  на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите. За  остварување на овие заеднички права на здруженијата-членки на Сојузот, СЗПМ  соработува со други здруженија и нивни сојузи, со невладини организации и  фондации и со пензионерски асоцијации од други земји.  СЗПМ, својство на правно лице има од  27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена  организација, а по донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации  во 1998 година е пререгистрирано во Основниот суд во Скопје.  СЗПМ делува како самостојна,  невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива, оставајќи  траги и во самиот развој на државата. Сојузот издава свој весник „Пензионер плус“ еднаш месечно  и има своја Веб страница            www.szpm.org.mk
 |  |