За нас Организација Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Во Книгата за евиденција при Здружението на пензионери Македонски Брод, првите членови на здружението евидентирани се во јануари 1952 година. Број  на пензионери, членови на ЗП Македонски Брод, во декември 1959 година изнесувал 54 членови. Поранешни претседатели на здружението од 1982 година биле: Милан Миткоски, Музафер Зеќироски, Венче Станкоски, Милован Маркоски, а секретари Стојан Гиноски, Костадин Иваноски и Станојле Станоески. Денес ЗП Македонски Брод брои околу 1382 членови (старосни, инвалидски и семејни пензионери) организирани во седум ограноци за општината Македонски Брод и општината Пласница. ЗП Македонски Брод е самостојно, невладино, непартиско, непрофитно и мултиетничко здружение, доброволно здружено со останатите 52 здруженија во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

ЗП Македонски Брод, со својство на правно лице, се залага за заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија. Со своите активности ЗП Македонски Брод соработува со СЗПМ, со здруженијата на пензионери од Југозападниот регион на РС Македонија, локалната самоуправа, со подрачните единици на ФЗОМ, Фондот за ПИОСМ, Црвен крст, Меѓуопштински центар за социјални работи и други институции. Пензионерите во ЗП Македонски Брод организирани се во шест ограноци и тоа: огранок Пласница со 294 членови, Долен Манастирец со 53, Модриште со со 70, Самоков со 143 и два огранока во Македонски Брод Расадник до  551 и Кале со 269 пензионери. Здружението има Собрание од 21 член, Извршен одбор од 9 членови, Надзорен одбор од 3 членови и Статутарна комисија од 3 членови, како и Комисија за здравство и социјални работи, Комисија за културно забавен живот, Комисија за спорт и рекреација и Актив на жени. Претседател на ИО е Илија Лазески, а секретар е Венче Кузманоски.

 
  изработено од Medium 3