За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери Прилеп го одбележува 20 септември како Ден на пензионерите на Македонија во знак на донесувањето на првиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување во далечната 1946 година, кога беа пензионирани првите работници, со што се формира организацијата на македонските пензионери како колективен член на единствените синдикати во Македонија. Во 1947 година биле евидентирани околу 500 пензионери, во 1960 година тој број е зголемен на 15.321, десет години подоцна 51.537, во 1980-84.948, во 1990-166.224 и во 2000 година 241.221 пензионер. Веќе во 2005 година бројот на пензионерите во нашата земја се зголеми на 272.740,  во 2010 тој изнесува околу 280.000, од кои 225.000 се членови на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Денеска Здружението на пензионери Прилеп брои повеќе од 12000 старосни и семејни пензионери, и е едно од поголемите здруженија во Македонија.

Здружението на пензионери Прилеп заедно со уште 52 здруженија на пензионери од Македонија, доброволно се здружени во Сојузот заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во Република Македонија, за поцелосно и единствено залагање за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби на пензионерите. За остварување на овие заеднички права на здружението е членка на Сојузот. Сојузот е институција која е формирана од здруженијата во Републиката, соработува со другите здруженија и нивни сојузи, со невладини организации и фондации и со пензионерски асоцијации од други земји.

Здружението на пензионери Прилеп делува како непрофитна, невладина организација, регистрирана како правно лице, во која членуваат пензионери од три општини: Општина Прилеп, Општина Кривогаштани и Општина Долнени. Има свој Статут и Програми на комисии преку кои остварува поголем дел од своите активности.

 
  изработено од Medium 3