За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението  на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година. Од формирањето до денес Здружението во континуитет се развива и остварува видливи резултати. Секоја генерација го дала својот придонес во доградбата на организацијата и во збогатувањето на програмските активности. Во здружението денес членуваат 3633 пензионери организирани во 9 ограноци од кои 5 во градот и 4 во рурални населени места. Во здружението членуваат на корисници на старосни, семејни, инвалидски, боречки и земјоделски пензии, кои се здружуваат заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси,остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби, организирање на одмор и рекреација, бањско-климатско лекување, давање помош и сместување во домови на незаштитените и материјално најзагрозените пензионери

Здружението активно соработува со Сојузот, со сите општински здруженија, локалните самоуправи на општините Радовиш и Конче, Центарот за култура "Ацо Караманов", Фондот за пензиско и  инвалидско   осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Центарот за социјални работи, Општинската организација на Црвен Крст, Здравствениот дом, Општинската организација на СБМ-Радовиш, Средното општинско училиште "Коста Сусинов"-Радовиш, Основното училиште КПМ, Полициската станица, Рудникот "Бучим", Локалните медиуми ТВ ЕМИ и ТВ КОБРА и други организации и институции кои имаат допирни точки со реализацијата на програмата на ЗП Радовиш и Конче.
Во состав на здружението работат 4 пензионерски клуба каде секојдневно стотина пензионери се дружат, гледаат ТВ, читат весник и играат  домино, шах и табла.

Здрушението располага со скромни финансиски средства, но со домаќинско работење и поголемо ангажирање на органите и телата успева успешно да ги реализира програмските активности. Здружението делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива остварувајќи траги во развојот на општината.

Основна карактеристика  на здружението е масовноста во дружењето на отворен и затворен простор, како и јавност и отчетност  во целокупната работа.

Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче има својство на правно лице и на ден  18.03.2008 година е извршено упис во Централниот регистар на РМ, Регионална канцеларија Струмица под Дел. број 30820080000751.

 
  изработено од Medium 3