Здружението на пензионери Струмица е формирано во далечната 1953 година од група на ентузијасти пензионери од Струмица, со име Општинско здружение на пензионери Струмица.
Во 1969 година тогашниот Управениот одбор на здружението на иницијатива на Марика Ѓорѓиева донесува одлука за изградба на Дом на пензионери во Струмица, истата година е ставен камен темел на домот.
Во октомври 1971 година Општинското здружение на пензионери Струмица добива новоизграден дом на улица Ленинова бр.97 Струмица.
Во декември 1998 година со одлука на Собранието Општинското здружение на пензионери Струмица се преименува во Здружение на пензионери Струмица.
Здружението на пензионери Струмица сега има 10.245 члена, организирани во 26 ограноци.
На територијата на здружението на пензионери Струмица функционираат 18 клубови за дневен престој на пензионери.
Акти по кои работи ЗП Струмица:
- Статут
- Деловник за работа на Собранието
- Деловник за работа на Извршниот Одбор
- Правилник за еднократна парична помош
- Годишна Програма за работа
|