За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери „Шуто Оризари“ спаѓа во помалите здруженија кои членуваат во СЗПМ. Тоа брои околу 1500 членови, а повеќето од членовите во ова Здружение се од ромска националност, а само мал број се од другите националности  и етнички заедници.

дружението е формирано на 7 февруари 2009 година кога се одвои од ЗП „Бутел и Чаир“ каде што функционираше како огранок.

Во составот на здружението има старосни, семејни пензионери  и инвалиди на трудот, а во него активно  работи и Активот на пензионерките.

Активностите се одвиваат во самото Здружение, бидејќи се уште не се формирани ограноци и клубови.
Здрушението на пензионери „Шуто Оризари“ активно учествува на сите регионални и републички спортски и музички манифестации, на општинските, а и на средбите со другите здруженија во Македонија, каде постигнува значителни резултати.

Големото ангажирање на раководството, а посебно на членовите, е на високо ниво од каде произлегува и добрата соработка со Локалната самоуправа и СЗПМ.
Собранието брои 21(дваесет и еден) член, а Извршниот одбор 7(седум) члена, каде функционираат: надзорен одбор, комисија за социјала и труд, комисија за здравство, комисија за култура, комисија за спорт и рекреација и статутарна комисија.

 
  изработено од Medium 3