Здружението на пензионери на Општина Свети Николе, како посебен актив на луѓето од третото доба основано е некаде околу 1960 година. Според тоа Здружението претставува најстар облик на организирана активност на граѓани во Општина Свети Николе. Во почетокот со мал број на членови – пензионери, а со тек на време Здружението со брзи чекори го зголемува членството и со тоа своите активности што го афирмираат во средината.
За тековниот развој треба да им се даде признание на пензионерите кои со голем ентузијазам и работа го основале, афирмирале и денес нашето здружение е регистрирано и во рамките на РМ.
Бројот на членови – пензионери денес изнесува 2750, кои се организирани во 8 ограноци од кои 3 во градот Свети Николе и 5 ограноци во селските населби.
Нормативно Здружението својата функција ја извршува согласно Законот на Здруженија на граѓани и фондации, Законот за ПИОМ и Статутот на Здружението.
Врз основа на Статутот од членовите на Здружението се избира Собрание кое брои 23 делегати, а Собранието избира Извршен одбор кој е составен од 7 члена. Извршниот одбор избира комисии и тоа:
- Комисија за спорт и рекреација
- Комисија за културно забавен живот
- Комисија за здравство и хуманитарни активности
Комисија за Статут и правно – економски прашања
Посебно за одбележување е Активот на пензионерки.
Здружението работи врз основа на Годишна програма каде се опфатени програмските задачи на органите и телата. Во состав на Здружението работат 2 пензионерски клуба каде што пензионерите го поминуваат своето слободно време во играње на шах, карти, табла, домино и др.
Здружението соработува со СЗПМ, со Општинските здруженија од Републиката, со Локалната самоуправа, Фондот на ПИОМ, Фондот за здравство, Црвениот крст и други организации блиски на Здружението на пензионери.
Исто така посебно за одбележување е дека Здружението работи како самостојна, независна и неполитичка организација. Здружението е правно лице со извршен упис во Централниот регистар во Штип.
Во поглед на стандардот на пензионерите и финансирањето се грижи за задоволување на потребите за што секоја година се носи финансов план на Здружението.
|