|
Согласно Законот за Здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија од 1998 година, Статутот на СЗПМ и сопствениот Статут, Општинското здружение на пензионерите на Вевчани, со посебен акт во Регионалниот Централен регистар во Охрид, е формирано на 29 ноември 2012 година. Претходно, пензионерите од Вевчани членуваа во рамките на ЗП Струга. Иницијатори за формирањето на ОЗП Вевчани се Витомир Костојчиноски, Јован Аврамоски, Сандре Русески и неколку други. Со одвојувањето од струшкото здружение, Општинското здружение на пензионери од Вевчани, според последните податоци на СЗПМ брои 383 старосни, семејни, инвалидски, трудови и други категории на пензионери. ЗП Вевчани е едно од ретките здруженија во Републикава во кое заеднички делуваат сите категории на пензионери.
На оснивачкото Собрание одржано на 29 ноември 2012 година, а овој датум се смета и за Ден на формирање на здружението, донесен е Статут на здружението, Програма за работа, и акт за оснивање на Собранието. Собранието го сочинуваат 15 членови, Извршен одбор од 7 членови, а Надзорениот одбор, Статутарно-правната комисија, Комисијата за социјална и здравствена заштита, Комисијата за спорт, кулура и рекреација и Актив на пензионерки, бројат по три члена. Идејата за раздружување на пензионерите на Вевчани од струшкото здружение, е резултат на фактот што здружението на Вевчани може самостојно да опстојува и да биде поефикасно во својата активност, потпомогнато од Локалната самоуправа и другите јавни претпријатија кои делуваат во рамките на Општината Вевчани. Според Актот за оснивање на Општинското здружение на пензионерите на Вевчани, со седиште во Вевчани, здружението е основано поради остварување на заедничките интереси на пензионерите на Вевчани, а особено за остварување и реализација на следните цели и задачи:
- Остварување и заштита на правата од пензиско и инвалидско осигурување и економски интерси на пензионерите,
- Унапредување на културните, спортските и другите активности на пензионерите,
- Следење на прописите од областа на здравствената заштита и други прописи од кои произлегуваат остварувањата на правата на пензионерите,
- Информирање, организирање на културни манифестации и активности од забавниот живот,
- Организирање на спортски активности, одмор и рекреација,
- Здравствена заштита на пензионерите,
- Организирање и давање помош на материјално загрозени пензионери,
- Соработка со други здруженија и учество во работата на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија,
- и други цели кои се од интерес на пензионерите во согласнст со Уставот и законот.
Начинот на остарување на целите, организацијата, органите на застапувањето на Здружението, начинот на финансирање и се друго што е во функција на остварување на целите е регулирано со Статутот на Здужението, односно постојната законска регулатива.
|
|