За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Македонија – Скопје е формирано на иницијатива на пензионирани работници од ОВР на РМ со Одлука донесена на Основачкото собрание, одржано на  09.05.1969 година, на кое присуствувале над 250 пензионирани работници од ОВР во СРМ (сега РМ). Здружението е регистрирано со Решение на тогашниот РСВР (сега МВР),  со право на дејност на подрачјето на СРМ, а на 16.05.1969 година е запишано во регистарот (што се водел при РСВР) на  републички здруженија и тогаш се стекнува со статус на правен субјект.

Основна цел за основањето на Здружението  било изнаоѓањето форма на општествено ангажирање на пензионираните работници на ОВР (овластени службени лица), кои поради општествени процеси, а врз основа  на посебни прописи  (leh specijalis) правото на пензија го остваруваат често предвремено и на релативно млада возраст. За остварување на ова цел, во рамките на Здружението,  биле извршувани дејности меѓу кои: обука и полагање на возачки испит, за што била регистрирана Авто школа „Милиционер”, потоа се вршело обезбедување на објекти на претпријатија и организации, на саеми, разни манифестации и слично, а во соработка со Министерството за внатрешни работи, членови на Здружението со договори за работа извршувале најчесто сервисни работи  во управните служби на Министерството (за издавање лични кари и слично), но и за други активности, за што биле ангажирани голем број на членови на Здружението. 

Со промените кои настанале во законската регулатива, Здружението со Решение на  Основниот суд Скопје 1 Скопје на 07.04.1999 година се преригистрира и е  запишано во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации.

Според Статутот, цели на здружението се: заштита и унапредување на личните и заедничките интереси за подобрување на материјалната положба на членовите; заштита на правата утврдени со Уставот и законите и  заштита на: економски, социјални, здравствени, хуманитарни,  спортски,  културни и други права и интереси.

Во остварувањето на овие цели, секогаш соочувајки се со предизвиците, Здружението има постигнато извонредно добри успеси – решавало многу важни прашања особено на планот на заштитата на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување за законско усогласување на пензиите на пензионираните работници од ОВР, на подобрувањето на материјалната и социјалната положба на членството и нивните семејства преку договорно работно ангажирање, а завидни успеси има и во областа на спортот, потоa на планот на  културата, како и во делот на рекреативниот живот на членството за активно и здраво стареење.  

Ваквата грижа  на Здружението,  кое брои над 1500 члена,  е постојана и примарна, а денес се остварува преку неговите органи и тела: Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор  и помошните тела на Извршниот одбор - комисиите. Иако Здружението е регистрирано со дејност на подрачјето на Републиката, тоа денес дејствува на подрачјето на Скопје и неговото седиште  е омилено катче за поголем број од членството.

Во рамките на Здружението, како посебна форма на организирање, од 2014 година  активно и со успех работи и Активот на пензионерки.

 
  изработено од Medium 3