Соопштение
Се известуваат корисниците на пензија дека од 1.1.2021 година пензиите се усогласија за 1,2 % според порастот на индексот на трошоците на живот во второто полугодие од 2020 година. Исплатата на вака зголемените пензии е засметана во висината на јануарските пензии за 2021 година. Усогласените пензии за 1,2 % ќе бидат исплатувани се’ до следното усогласување на пензиите.
