Новости

Пензионерите се наш приоритет

Интервју со генералниот директор на ФПИОСМ Дритан Беџети

Пензионерите се наш приоритет

Финансиската состојба на Фондот е стабилна а со тоа и реализацијата на приходите се спроведува согласно со планираната динамика на редовно ниво. Исплатата на пензиите се врши редовно, дури и предвремено, практика од вонредната состојба со пандемијата

Фолклорни активности

ЗП Куманово

Фолклорни активности

Фолклористите при ЗП Куманово во јуни беа учесници на 13-тиот Меѓународен фестивал на фолклорот чиј организатор и домаќин беше здружението на пензионери од Лесковац. Покрај домаќините учесници на фестивалот беа и пензионери од Перник од Р Бугарија, КУД Ѓоко Симоновски од ЗП Куманово, како и гости од Књажевац, Врање, Бор и Неготин од Р Србија

Промоција на книга „Живот во плетеница”

ЗП Сарај

Промоција на книга „Живот во плетеница”

На 09.08.2022 година, во организација на Здружението на пензионери Сарај, се промовираше книгата со наслов „Живот во плетеница” од авторот Митат Синани. Промоцијата се одржа во Клубот на здружението

Наградата „Гран-при“ за КУД „Далги“ на фестивалот „Илинденски денови“

ЗП Охрид и Дебрца

Наградата „Гран-при“ за КУД „Далги“ на фестивалот „Илинденски денови“

КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца годинава учествуваше на 52. републички фолклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола. Мотото на фестивалот кој траеше од 18 до 29 јули 2022 година, беше „Од корените до цветот“, а организатор е Центарот за култура од Битола

Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

Интервју со министерката на МТСП, Јована Тренчевска

Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

Грижата за нашата највозрасна популација, пензионерите, е еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. За тоа потврдува и фактот, што една од првите мерки кои ги реализиравме од доаѓањето на овој владин состав е растот на пензиите со цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

Актуелни состојби со исплатата на солидарниот фонд – посмртна помош

Висината на задршката на посмртната помош и висината на исплатата на посмртната помош во единствен износ за сите корисници на пензија со акт ги утврдува Регистрираната организација на четирите сојузи на здруженија на пензионери.

Очекувано усогласување на пензиите

Во последно време интересот за зголемување на пензиите е значително присутен во јавноста, особено кога престана исплатата на додатокот 1.000 денари со исплатата на јунската пензија

Средба во СЗПМ

Добра здравствена заштита е приоритет за пензионерите

Во врска со оваа проблематика во организација на СЗПМ се одржа состанок на претседателите на комисиите за здравство во здруженијата, членки на Сојузот, од скопските здруженија и на ЗП Тетово и ЗП Велес

Добрата  соработка дава добри резултати

Средба во СЗПМ

Добрата соработка дава добри резултати

На 15 јуни 2022 година во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија се одржа средба на која присуствуваа генералниот директор на Фондот на ПИОСМ Дритан Беџети и Боро Варошлија, претседател на Управниот одбор на Фондот, а од страна на Сојузот, претседателката на Сојузот Станка Трајкова

Jунски наратив

Jунски наратив

Многу говориме и зборуваме, оттука наратив. Кога за една работа ќе почне многу да се говори, се претвора во наратив. И навистина ќе слушнеш и прочиташ, а богами и чуеш многу наративи.

ЗП Пехчево

Пензионери ентузијасти

Селото Умлена се наоѓа во Општина Пехчево и брои околу 250 жители, кои се занимаваат со земјоделство и сточарство, а поголем дел од нив работат во фирми во Берово и Пехчево

За пишувањето и за тие што пишуваат

За да пишува некој добро, тој треба да е и добар мислител. Целите за пишување се разликуваaт. Некои пишуваат за себе, некои пишуваат за пари, некои пишуваат за одредени нечии цели, а некои постојано бараат публика, внимание и содржина за својот празен без содржина живот.

Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво

На седницата одржана на 3.5.2022 година, ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2022 година на Сојузот

Изложбата “Црно бело во боја” е празник за очите за сите љубители на уметноста

Пример за културна соработка меѓу Македонија и Словенија:

Изложбата “Црно бело во боја” е празник за очите за сите љубители на уметноста

Во галеријата на Школскиот центар, Крањ, Република Словенија беше поставена изложба на уметничка фотографија на тема “Црно бело во боја“, од познатиот македонски фотограф проф. Д-р.Цветан Гавровски