За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери Ѓорче Петров е правен субјект, формирано е 2001 година со околу 5 000 членови - пензионери.

Зголемена активност започнува во 2006 година кога се формираат разграноци и се заокружува организационата и Статурарната поставеност.

Здружението активно и успешно реализира свои програмски активности и се вклучува во сите активности организирани од СЗПМ. ЗП Ѓорче Петров учествува во регионални и републички рeвии на песни, музика и игри, спортски настапи, екскурзии, хуманитарни акции, соработува со Црвениот Крст и други инстируции.Здружението е збратимено со ЗП Битола и со други пензионерски здруженија. Соработува одлично со локалната самоуправа и учествува во сите акции што ги организира Општината Активностите се одвиваат преку Комисиијата за Статут и правни прашања, Комисијата за здравство, Комисијата за материјално финансиско работење и набавки, Комисијата за спорт и рекреација, Комисијата за култура и Активот на пензионерки. Сите овие активности истовремено се контролирани од Надзорниот одбор, кој го контролира финансиското работење на здружението.

Во изминатиот период Здружението ги регистрираше сите поважни настани и случувања и ги забележа во трите издадени монографски изданија, издадени за 10, 15 и 20 години, што го вбројува меѓу најдобрите и единствени на оваа поле во рамките на СЗПМ.

Денес Здружението брои повеќе од 8.000 членови кои своите активности ги реализираат преку раководството во 7-те разграноци во своите пензионерски клубови како и заедничкиот клуб на пензионерите.

 
  изработено од Medium 3