За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

ПРОГРАМА
за работа на Здружението на пензионери Карпош-Скопје за 2015 година

Собранието на Здружението на пензионери Карпош Скопје и неговиот Извршен одбор во 2015 година својата активност ќе ја насочат кон остварување на целите и задачите на Здружението утврдени во Статутот на Здружението, Деловникот за работа на Собранието и Извршниот одбор, како и активности кои ја унапредуваат социјално-хоманитарната страна во заштитата на пензионерската популација и обврските што произлегуваат од позитивните прописи од областа на социјалната заштита и пензиското и инвалидското осигурување.

АКТИВНОСТИ НА СОБРАНИЕТО И ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

А. ИНИЦИЈАТИВИ

Покренување на иницијатива до:

  1. Министерството за правда за донесување посебен  Закон за уредување на начинот и постапката за организирање на пензионерите во  Република Македонија;
  2. Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа за:
    -изградба на пензионерски домови,
    -изградба на клубови за пензионери,
    -изградба на домови за дневен престој на пензионери.
  3. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за вонредно усогласување на пензиите.
  4. Хуманитарни активности
    • Давање на повеќе корисници на еднократна парична  помош и друг вид солидарна помош.
    • Посета на поголем број на пензионери со повеќе планирани финансиски средства во Финансискиот план за 2015 година.
    • Поголемо учество на Комисијата за здравство и социјална помош на Извршниот   одбор како и активно вклучување на  Активот на пензионерки на ЗП Карпош.
    • Изготвување Оперативен план за реализација на горе наведените активности.

Б. АКТИВНОСТИ НА СОБРАНИЕТО
Во тековната 2015 година Собранието на Здружението се предвидува да одржи две седници, а по потреба може и повеќе седници и тоа:

  1. Првата седница ќе се одржи во месец февруари или март на која ќе се разгледуваат:
    -Извештајот за работа на Извршниот одбор во 2014 година;
    -Завршната сметка на приходите и расходите на Здружението за 2014 година;
    -Информација за условите во кои работат ограноците на пензионерите од Здружението на пензионери Карпош,
    -Разгледување и давање мислења по актите, иницијативите и предлозите добиени од ресорните министерства, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Советот односно Градоначалникот на општина Карпош (оваа задача ќе биде применета во текот на целата година).
  2. Втората седница ќе се одржи во месец декември на која ќе се разгледуваат:
    -Предлог-Програмата за работа на Здружението за 2016 година (Собранието, Извршниот одбор и неговите комисии),
    -Предлог-Финансиски план за приходите и расходи на Здружението за 2016 година,
    -Други материјали по потреба.

В. ДРУГИ АКТИВНОСТИ ВО ТЕКОВНОТО РАБОТЕЊЕ

Во овој дел на Програмата за работа во 2015 година, се предвидуваат активности кои произлегуваат од редовното тековно работење на Здружението и тоа:

  1. Посебна грижа за остварување на приходите на Здружението и правилно располагање со нив преку наменското користење на истите и благовремено исполнување на обврските према заедницата, корисниците на пензија и другите субјекти во согласност со позитивните прописи, Статутот и другите акти на Здружението.
  2. Поблиска соработка со Советот и Градоначалникот на општина Карпош, заради остварување на заеднички интереси. Тука првенствено се мисли на создавање услови за работа на ограноците и давање на локација за изградба на пензионерски дом во Општина Карпош.
  3. Координирање на активностите на ограноците и нивно меѓусебно поврзување заради подобро функционирање и остварување на активностите. Тука пред се сè мисли на соодветната соработка со други здруженија и невладини организации, како и формирање на мобилни групи при ограноците за помош на пензионерите согласно предвидените трансакциски сметки.
  4. Редовно следење на исплатата на пензиите и нивно благовремено усогласување.
  5. Преземање на сите расположливи средства до СЗПМ за навремено и без закинување на бројот на корисници на пензија, да ни ја доставува месечната членарина.
  6. Ќе продолжат активностите во ограноците на Здружението околу формирање на матичната евиденција на пензионерите што ќе претставува основа за изготвување на социјалната карта на пензионерите од општина Карпош.
  7. Организирање на одмор во објектите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Рекреативниот центар на пензионерите во Катланово, бројот на членови што ќе користат ваков вид на одмор го утврдува со посебен акт (одлука) по ограноци, на Здружението на пензионери.
  8. Заради рекреација на пензионерите ќе се организираат еднодневни излети низ Републиката во зависност од расположливите средства и интерес на пензионерите;
  9. Одржување на меѓусебни средби со други Здруженија;
  10. Организирање и спроведување на спортски активности. Спортските активности содржат повеќе дисциплини и ќе се спроведуваат врз основа на Одлуката на Извршниот одбор и Програма на Комисијата за спорт, и тоа:
    а)натпревари помеѓу ограноците на Здружението;
    б)натпреварување на ниво на регион;
    в)натпреварување на републичко ниво.
  11. Социјалната политика и здравствената заштита на пензионерите ќе се остварува преку:
    а)посети на болни, тешки семејни несреќи од различен вид, посета на стари лица;
    б)давање на еднократна помош, согласно критериумите утврдени со посебна одлука на Извршниот одбор;
    в)соработка со здравствени и хуманитарни организации,
    г)организирање на трибини од областа на здравствената заштита.
  12. Организирање на трибини за определени прашања по потреба и во зависност од интересот на пензионерите.
  13. Учество во одбележување на значајни датуми и настани од нашето минато.
  14. Други тековни и актуелни прашања по потреба.

Активностите од оваа Програма ќе ги реализира Извршниот одбор на Здружението и неговите тела. Потребните средства за остварување на оваа Програма ќе се предвидат и обезбедат со финансискиот план на приходите и расходите на Здружението за 2015 година.

Програмата е отворена и ќе бидат извршени сите активности кои ќе произлезат од тековното работење, актуелни прашања и други активности од интерес на Здружението.

Програмата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 1 јануари 2015 година.

17.12.2014 год.
Скопје

Извршен Одбор на ЗП Карпош
Претседател Трајко Савески

                         
                                                 
           

 

 
  изработено од Medium 3