Согласно член 17 став 2 од Статутот на Здружението на пензионерите – Крушево, Собранието на Здружението на седницата одржана на 12.2020 година, донесе
ПРЕДЛОГ - П Р О Г Р А М А
За работа на Здружението на пензионерите - Крушево за 2021 година
Програмата за работа на Здружението на пензионерите – Крушево за 2021 година предвидува дејности и активности што произлегуваат од Статутот и другите акти на Здружението.
Во 2021 година активностите ќе бидат насочени кон остварување на основните цели, особено кон заштита на стекнатите права со што се обезбедува правна сигурност за редовно живеење, редовна исплата на пензиите, правото на годишно зголемување на пензиите со цел подобрување на материјалниот статус на пензионерите, остварување на поцелосна и квалитетна здравствена заштита, како и подобрување на квалитетот на живеење со организирање на спортско-рекреативни, културно-забавни и други социјално-хуманитарни активности, во услови на пандемија од корона вирусот и од можностите кои ги диктира пандемијата.
Програмските цели и задачи на Здружението во 2021 година ќе се остваруваат преку:
1.Собранието на Здружението:
Собранието во тековната година ќе одржи две седници, (а по потреба и повеќе) и тоа во месец февруари и во месец декември.
На седницата во февруари, Собранието ќе расправа по повеќе текови задачи од негова надлежност, посебно: Извештај за работата на органите и телата на Здружението во 2020 година, Финансиски извештај за финансиското и материјалното работење на Здружението во 2020 година, донесување на одлука за усвојување на Годишната завршна сметка за 2020 година и ќе расправа за прашања од областа на почитување на мерките за заштита од корона вирусот и за начини како органите и телата на здружението и во услови на пандемија да продолжат со редовна работа, се со цел пензионерите да се чувствуваат безбедно.
На седницата во месец декември, Собранието ќе расправа по повеќе прашања кои произлегуваат од Статутот и од тековното работење, а ќе ги донесе двата најзначајни документи: Програма за работа на Здружението за 2021 и Финансиски план на Здружението за 2021 година.
Собранието ќе расправа и по други прашања кои произлегуваат од Статутот на Здружението и документи доставени од СЗПМ,
2 Извршен одбор одбор:
Извршниот одбор во 2021 година ќе одржи планирани четири седници (по потреба и повеќе) и тоа: во месец февруари, мај, септември и декември.
На седниците на Извршниот одбор ќе се расправа за Програмата и финансискиот план за 2021 година, за извештаите и програмите за работа на постојаните тела што ги формира ИО, за реализацијата на одлуките, програмите и другите акти што ќе ги донесе Собранието, како и ќе врши и други активности согласно Статутот на Здружението, со посебен акцент на заштита на пензионерите од корона вирусот и обезбедување на услови и можности за работа на органите и телата на Здружението, ограноците и нивните помошни тела.
3 Надзорен одбор:
Надзорниот одбор во текот на годината ќе се состане по потреба, а најмалку два пати и тоа во месец јануари и јули.
Главна задача на Надзорниот одбор е да врши контрола на финансиското и материјалното работење на Здружението и ќе настојува тоа работење да биде во склад со постојните позитивни закони од областа на финансиското работење.
4 Органоците:
Во склопот на Здружението функционираат четири ограноци и тоа: Огранок број 1 Крушево, огранок број 2 Крушево, огранок со седиште во с.Св.Митрани кои ги опфаќа селата: Врбоец, Св.Митрани, Милошево, Пресил и Бучин и огранок со седиште во с.Житоше кои ги опфаќа селата: Алданци, Норово, Селце, Јакреново, Саждево, Борино, Подвис и Локвени,
Во 2021 година основните определби и насоки ќе бидат активностите за натамошно активирање на дејностите во ограноците како основни организациони единици во кои се одвива пензионерското организирање во Општината.
Секој огранок, на основа ова Програма, ќе изготват свои програми за работа во 2021 година:
5. Поквалитетна здравствена заштита на корисниците на пензија
Прашањето на здравствената заштита е постојано во фокусот на Комисијата за здравство и социјални работи на Извршниот одбор на Здружението кој во своето работење ќе ги продолжи активностите за подобрување на здравствената заштита на пензионерите во Општината, посебно сега во услови на пандемија од корона вирусот. Во соработка со Здравствениот дом и Општинската организација на Црвениот крст ќе се преземат активности за формирање на патронажни служби кои ќе ги посетуваат старите и изнемоштени лица во населените места на Општината и во градот со давање на примарна здравствена заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и други превентивни прегледи).
6. Подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите:
а) Спортски активности:
Спортските натпревари на пензионерите е една од приоритетните задачи на Здружението. И во 2021 активностите кон спортот и рекреацијата ќе се одвиваат согласно со целите на Здружението за унапредување, збогатување и проширување на интересот на пензионерите, особено во ограноците во населените места за учество во повеќе спортски дисциплини, онака како ќе дозволуваат условите кои ги диктира корона кризата. Спортските игри истовремено преставуваат и еден вид на рекреација и дружење на пензионерите од соседните здруженија и на ниво на Република.
Во 2021 година ќе се преземаат активности преку Комисијата за спорт и рекреација за организирање на поквалитетни тренинзи на учесниците за постигнување на подобри резултати на ниво на Регион и на Републичките натпревари, се разбира ако тоа го дозволи пандемијата.
б) Организирање и изведување на еднодневна екскурзија:
Како и досега и во 2021 година ќе се настојува, ако тоа го дозволат условите да се организира и изведе еднодневна екскурзија. Во 2021 година организацијата и маршутата на еднодневната екскурзија ќе ја определи Комисијата за спорт и рекреација на ограноците, која самостојно ќе ја организира Огранокот, а ќе се изведе на територијата на Републиката. Ограноците се должни 10 дена пред изведувањето на екскурзиите, да го извести раководството на Здружението за бројот на учесниците на екскурзијата, релацијата и времето на изведувањето на еднодневната екскурзија. Раководството е должно да обезбеди превозни средства, во зависност од бројот на учесниците и во зависност од должината на релацијата да го определи учеството на секој пензионер – учесник во екскурзијата.
в)Културни ревии на песна, музика и игри:
И во 2021 година во зависност од условите кои ги диктира корона кризата Здружението ќе земе активно учество на регионалната ревија на песна, музика и игри со пејачката и играорната група кои во изминатите години покажаа завидни резултати и учествуваше на републичките ревии на песна. музика и игри. Организацијата и активностите за успешно остварување на пејачката и играорната група се во надлежност на Комисијата за културни дејности која ќе врши избор на песни и игри карактеристични за нашето подрачје, се разбира ако тоа го дозволи здравствената ситуација.
г) Актив на пензионерките:
Во 2021 година Активот на пензионерки ќе продолжи со досегашните активности, а пред се за заштита од корона вирусот со посета на стари лица и во договор со Здравствениот дом да се врши бесплатна патронажна служба кај изнемоштените пензионери, ќе организира работилници за едукација и превентивни мерки за заштита од актуелни болести, а во соработка со ОО на ЦК и Центарот за социјална заштита. Исто така, Активот ќе организира тематски состаноци за актуелни болести, совети за спречување на семејно насилство, предлагање на мерки за користење на редовна здравствена заштита и други прашања.
Активот на пензионерки и во 2021 година ќе продолжи со учество на манифестации и дружења организирани од други здруженија.
Горе наведените активности како и тековни проблеми што ќе се појават во текот на годината Активот ќе ги реализира во тесна соработка со ОО на ЦК, а согласно Спогодбата за соработка.
Во 2020 година раководството на Активот на жените ќе преземе мерки за поголемо учество на жените во остварување на активностите на Здружението.
7 Соработка на Здружението со другите здруженија во регионот и Локалната самоуправа:
Во 2021 година ќе продолжи соработката со здруженијата од западниот регион, а особено со збратименото Здружение од Струга, како и со соседните здруженија: Прилеп, Битола, Демир Хисар, Ресен и други, со посебен акцент и внимание за соработката со СЗПМ и неговите органи и тела.
Во 2021 година исто така ќе продолжи досегашната соработка со Фондот на ПИОМ – Подрачна единица Крушево, особено во исплатата на посмртната помош како и навремена евиденција за новите и починатите пензионери што преставува услов за висината на членарината.
Во 2021 година ќе се преземат активности за подобрување и натамошно продлабочување на досегашната соработка со градоначалникот и советот на Локалната самоуправа, со присуство на претставници од Здружението на седниците на Советот.
8. Задачи на раководството и стручната служба на Здружението:
И во 2021 година раководството и стручната служба својата активност и работа ќе ја обавува во согласност со законите, Статутот и одлуките што ќе ги донесе Собранието и Извршниот одбор, особено:
- целосно, навремено и квалитетно извршување на одлуките, заклучоците и другите документи што ќе ги донесе Собранието и Извршниот одбор, како и спроведување на одлуките и другите акти на СЗПМ;
- имплементација на Одлуката за утврдување единствени критериуми за материјално-финансиско работење на здруженијата на пензионери и СЗПМ;
- навремено и квалитетно извршување на сите тековни задачи од секојдневното работење;
- редовно водење и следење на финансиската состојба во Здружението;
- изработка на извештај за финансиското работење за 2020 година;
- изработка на Финансиски план за 2021 година;
- изработка на Извештај за работата и активноста на Здружението за 2020 година;
- изработка на Програма за работа на Здружението и неговите органи и тела за 2021година;
- постојана грижа за состојбата на Пензионерскиот дом со цел да се сочува функционалноста на објектот за дневен престој на пензионерите;
- домаќинско и строго наменско користење на финансиските средства со кои располага Здружението;
- ќе се грижи за редовна наплата на наемнината од деловниот простор и за кириите од становите;
- редовно снабдување на пензионерскиот клуб со алкохолни и безалкохолни пијалоци, огревно дрво и сл.
Собранието на здружението и неговите органи, ќе даде целосна поддршка на сите иницијативи и барања кои ќе ги покренат органите на СЗПМ до Државните органи, како што се: Изградба на центри за дневен престој на пензионерите; изградба на пензионерски домови; воведување на пензионерска социјална карта , волонтерството и сл.
Раководството на активно ќе се вклучи во активностите кои ги спроведува СЗПМ и државните органи за надминување на корона кризата и ќе предлага и презема мерки и активности за заштита на здравјето на пензионерите
Раководството на здружението преку своите органи и тела ќе покренува и други иницијативи за подобрување на животниот стандард на пензионерите, усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци и порастот на платите, вонредно зголемување на ниските пензии, еднократни парични исплати на најзагрозените пензионери и сл.
Со конкретни иницијативи и предлози ќе се бара остварување на правата и обврските што произлегуваат од Спогодбите за соработка помеѓу Локалната самоуправа, како и ОО на ЦК со Здружението на пензионерите – Крушево.
9. Одбележување на 20-Септември- Денот на пензионерите;
И во 2021 година, ако тоа го дозволува корона кризата доследно ќе биде одбележан Денот на пензионерите со активности преку хумани акции и доделување на материјални помоши, како и организирање на заедничко дружење на пензионерите-ките и со скромен коктел.
Целосно спроведување на Програмата од страна на Собранието и неговите тела со преземање на конкретни мерки и активности за надминување и подобрување на состојбите за успешно функционирање на Здружението.
Ова Програма ќе биде основа за изготвување на програми и акциони планови за работа на телата на ИО и ограноците на Здружението.
Програмата е отворена за измени и дополнувања со предлози за подобрување на истата.
Крушево
декември 2020 година |
Претседател на Собрание
Милорад Трпчески с.р. |
|