|
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЗП СТРУГА ЗА 2020 ГОДИНА
Здружението на пензионери Струга тековнава 2020 год. во остварување на статутарните активности, својата програма ќе ја фокусира со тенденција подобрување на животниот стандард на пензионерите.
За таа цел неминовно е ставање во функција и на другите акти кои се предвидени од највисокиот орган на управување – Собранието.
Ако изминатата 2019 год. се карактеризира со видно постигнати резултати, неминовно е ретроспективно анализирање, кое ќе допринесе согледување на можностите на кои во идната недвосмислено ќе треба да се пристапи, со кои се стекнува сигурност за поквалитетно живеење применувајќи ги насоките и формите како што се: спортско рекреативни и културно забавни , еднодневни и повеќедневни излети и вклучувајќи ги и хуманитарните активности.
Законските права на пензионерите секогаш ќе бидат во центарот на обврските во насока навремено исплаќање на пензиите и пропратени наголемени во зависност од можностите предвидени со законските одредби.
Здравствената заштита и здравството секогаш ќе бидат адут за квалитетот на живеење на пензионерите со посебен акцент неопходна соработка со установите специјализирани за таква дејност, како и Црвениот Крст, со кого е поставена солидна соработка, која во иднина треба да продолжи.
Приоритет на ова година ќе биде и насочена кон згрижување на стари и изнемоштени лица, која грижа останува како неодложна обврска на здружението, а помогната од Сојузот на Пензионери на Северна Македонија, а ќе се реализира со добивањето на еден од старачките домови изградени со средства наменети за згрижување и нега на ова категорија пензионери. Се надеваме дека и сите други здруженија на пензионери од поширокиот регион, како што се Дебар, Лабуништа, Вевчани, Охрид, Битола, Кичево, Македонски Брод и Демир Хисар, а немаат ваков вид објекти за згрижување, ќе се приклучат кон ова наша иницијатива, која ќе биде презентирана кон надлежните институции на системот Министерството за труд и социјална политика, Министерството за правда и локалните самоуправи, со надеж дека пензионерите ќе станат менаџери на објектите изградени со средства на нивните фондови.
За подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите од нашево здружение директна улога имаат комисиите на Извршниот одбор: Комисијата за спорт и рекреација, Комисијата за културно забавен живот, помогнати од докажаните активисти и активот на пензионерки констатираме, дека во целост ќе ја оправдаат довербата. Нивните програми перманентно ќе бидат прифаќани од Собранието, Извршниот одбор и Претседателот. Нивните предлози за еднодневни и повеќедневни екскурзии и излети ќе се реализираат согласно можностите на здружението, а нема да изостанат и поканите за заедничко дружење на другите здруженија, како форма на соработка и зближување на пензионерите.
Регионалните и републичките пензионерски спортски натпревари, на кои во изминатите години здружението покажа видни резултати и ова година ќе се представат видно подготвени кон подобри резултати.
Ревиите на музика, песни и игри, било да се на регионален или републички план, ќе бидат предизвик со цел зачувување културното богатство, со кое се гордее нашето поднебје.
Не можеме а да не ги спомнеме ограноците на нашето здружение кои претставувааат база од која и во иднина треба да се респектира и уште поактивно да се вклучи во сите сфери на културно - идеолошки и спортски активности.
Главниот промотор на културно-забавниот, идеолошкиот и спортскиот живот, Активот на пензионерките, кој во изминатите години достоинствено на сите полиња на делување го претставуваше здружението, ќе продолжи со несмалено темпо со афирмацијата и оправда довербата која ја поседува.
Програмскиот дел треба да биде насочен кон соработката со взаемна почит со другите здруженија на Северна Македонија, посебно со збратименото здружение на пензионери од Крушево, со кое треба братски да се негуваат и почитуваат зацртаните определби во сите свери.
Неминовно потребно е да ја спомнеме соработката со Сојузот на Пензионери на Северна Македонија, кој во изминатиот период на 2019 год. покажа доследна конструктивност и почит кон нашето здружение, спремен во секоја прилика да помогне каде што е неопходно во разрешување во одредени моменти.
Контактите со локалната самоуправа треба и понатака да се практикуваат, како форма со која здружението се афирмира, афирмирајќи ја истовремено и локалната самоуправа.
За квалитетно и навремено реализирање на програмава грижа паѓа на раководството, стручната служба и книговодството кои во согласност со постоечките законски прописи, Статутот, одлуките на Собранието и Извршниот одбор редовно и на време ќе ги извршуваат тековните обврски. Навремено следење на финансиската состојба како и навремено изготвување на финансиските извештаи.
Програмава дава можност во колку презентирањето се укаже можност за подобрување со конструктивни предлози истава да се надополни.
Како заклучок 20 Септември е денот на пензионерите а воедно и патронски празник на нашето Здружение на пензионери Струга.
|
ЗП Струга
Претседател на Собрание
Мирко Трпоски |
|
|