Врз основа на член 16 став 3 од статутот на здружението на пензионерите на општина Свети Николе се донесува следната
П Р О Г Р А М А
за работа на органите и телата на ЗП Свети Николе за 2016 година
Програмските определби и насоки за работата на Собранието во наредниот период непосредно произлегуваат од утврдените насоки, начела и цели во Статутот и другите акти на здружението на пензионери. Во основа тие го одразуваат континуитетот на досегашното работење на Здружението, а произлегуваат од општествените промени и состојби и од секојдневните потреби на членството. Врз основа на оваа програма ќе се изготвуваат годишните програми за работа во кои ќе се утврдуваат поактуелните и
поприоритетни прашања за успешно остварување на предвидените активности.
1. СЛЕДЕЊЕТО И РАЗГЛЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД
ОБЛАСТА НА ПЕНЗИСКОТО И ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Комисијата за статутарни и правни прашања и Извршниот одбор по потреба ќе работат на:
- Усогласување на нормативните акти со Статутот на Здружението и Законот за здруженија и фондации, како и соодветни интервенции во нормативата што ќе произлегуваат од најавениот нов Закон за пензиско организирање - Изготвување на соодветно потребни акти, деловници, правилници, одлуки и сл.
- Утврдување на одредени ставови, мислења и насоки по одредени прашања од формално правна регулатива во однос на донесувањето на одредени
одлуки или препораки
2. ФИНАНСИСКО МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
- Разгледување и усвојување на завршните пресметки и финансиските планови
- Повремени извештаи за остварувањето на приходите и расходите во одредени периоди од годината
- Информации за укажаните потреби од материјално-финансиски карактер за
одржувањето на клубовите на пензионери и други инвестициони и тековни потреби за здружението
- Информации за договорените односи во снабдувањето на пензионерите со огревно дрво, цени, пласман, плаќање и други прашања поврзани со оваа проблематика
- Разгледување и усвојување на извештаи на Надзорниот одбор, пописни комисии и други повремени одбори или комисии за разрешување на одредени тековни прашања и проблеми во здружението
3. УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА
НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
- Организирање на предавања од областа на здравствената и социјалната заштита на пензионерите
- Организирање на бесплатен лекарски преглед – мерење на крвен притисок, шеќер, прегледи на очен лекар и сл.
- Учество со средства за превоз за бањско лекување и партиципација во трошоците утврдени со одлука на Извршниот одбор
- Во соработка со Црвениот крст ќе се превземаат активности за помош на посебно загрозени пензионери, нивни посети и доделување на материјална помош
- Следење на проблематиката со снабдувањето на лекови и предлагање на мерки
4. ФОНД ЗА СОЛИДАРНОСТ И ПОМОШ
- И во постојните услови и односи на исплатата на погребнината преку фондот на ПИОМ, ќе се исплаќаат средства за оваа намена на пензионерите кои во изминатите години уплатувале соодветен износ
- Одборот за солидарност ќе одобрува средства за еднократна помош во висина на средствата утврдени со финансов план
5. СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ
- Преку надлежностите на Комисијата за спортско рекреативни активности ќе се остваруваат подготовките и организирањето на :
- Меѓу пензионерски натпревари за избор на учесници во натпреварите
- Ангажирање на поголем број на пензионери учесници и активисти за реализација на активностите
- Организирањето на активностите за одмор и рекреација ќе се остварува во организирани групи – еднодневни патувања, излети, викенд одмори и посети на културно-историски знаменитости и туристички места во Републиката и можност надвор од неа
- Организирано дружење и средби со пензионери од други здруженија поврзани со одредени празнувања, свечености и собири
6. КУЛТУРНО – ЗАБАВЕН ЖИВОТ
-Во сите активности на планот на културно забавниот живот Здружението ќе работи на покренување иницијативи и поддршка на пројавеното во оваа област
-Ќе се подржува учеството на Регионалните и Републичките настапи на наши изведувачи на народни песни, ора и свирки
-Комисијата поинтензивно ќе работи на проширувањето на видовите на активности од областа на културата и уметноста.
7.ИНФОРМИРАЊЕ
Информирањето на пензионерите од Општината ќе се остварува преку соодветни соопштенија на огласната табла, локалните информативни средства, пензионерскиот печат и написите од соработниците на печатот.
8. АКТИВ НА ПЕНЗИОНЕРКИ
Со посебна програма ќе се утврдуваат активностите на Активот на жени – пензионерки. Во текот на остварувањето активности сестрано ќе се подржуваат манифестациите, собирите, свеченостите, прославите и соработката со здруженијата во рамките на регионот и републиката.
9. Соработка на Здружението со Локалната самоуправа, други здруженија, Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, ПИОМ и работни и невладини организации.
10. Учество на Здружението на пензионери во активностите поврзани со одбележување на значајни локални и државни празници, свечено одбележување на 20 Септември - денот на пензионерите
Составен дел на Програмата се и програмите на органите и телата што годишно посебно се изготвуваат.
Програмата е отворена за нови предлози и активности.
|
Никола Атанасов
Претседател на ЗП Свети Николе |
|