| 
           | 
        
           Здружението  на воените пензионери на Република Македонија формирано  е на 10-ти декември 1992 година како  непрофитна,  невладина и непартиска  организација.  Според Статутот, органи на ЗВП се: - Собрание;  - Извршен одбор и Надзорен одбор, со претседател, секретар и референт за МФ  работење. Организацијата и функционирањето на Здружението е регулирано со Статут ,  Програма за работа, Финансиски план , Одлука за финансирање на органите, телата  и дејностите на здружението , планови за работа на органите и телата на  здружението и Одлуки на Извршниот Одбор со кои се регулира извршувањето на  планираните задачи и активности. 
          Во Здружението функционираат: - 2 огранока (Аеродром и Центар); - Актив  на пензионерки;  Комисија за социјална и  здравствена заштита; - Комисија за КЗ дејност и - Комисија за  спорт и рекреација. 
          ЗВП на РМ  е членка на СЗП на град  Скопје и на СЗП на Македонија.  ЗВП е  збратимено со ЗП Куманово и има успешна соработка со повеќето здруженија во  градот и Републиката. 
          Воените пензионери, поради специфичностите  на својата професија, начинот на школување, заедничко работење и вкупното  живеење, емотивно  се меѓусебно поврзани,  поради што потребата за нивно другарување и по заминувањето во пензија, преку  разни културни, спортски, рекреативни  и  други заеднички активности е од  огромно  значење за таа доба од животот. 
          ЗВП  претставува основна  врска помеѓу АРМ и пензионираните воени  старешини и субјект преку кој тие ја продолжуваат  соработката со единиците и командите на АРМ. 
          ЗВП  е меѓу најдобро организираните во секој поглед  и со забележителни резултати во пензионерските културно-забавни ревии и  спортски натпревари,  и претставува  субјект од поголемо значење во рамките на пензионерското организирање, носител  на поголем број активности во СЗП на град Скопје и СЗПМ во целина . Со Статутот  е регулирано членувањето во ЗВП , така што покрај воените пензионери од  поранешната ЈНА , членови на ЗВП можат да бидат пензионираните старешини од АРМ  и други структури од одбраната , семејни пензионери од напред наведените како и  други граѓани – пензионери.           
          Цели и активности на ЗВП: 
          Во  целокупното функционирање на Здружението, централно место зазема грижата за пензионерот,  односно, обезбедување услови за здраво и достоинствено пензионерско живеење. 
          Со  Статутот на Здружението се регулирани целите и дејностите на Здружението и тоа: 
          
            - Посета на болни и немоќни пензионери, давање еднократна парична помош на лица  со долготрајно и скапо  лекување, како и  на членови на кои им е таква помош неопходна поради претрпани лични и семејни  несреќи и штети;
 
            - Организирање  на хуманитарни акции од секаков вид;
 
            -  Организирање на излети, пикници, посети и  присуство на средби на пензионерите и други манифестации од рекреативен  карактер во градот, Републиката и соседните држави; 
 
            - Спроведување на спортски активности на  членовите, во и меѓу ограноците и други здруженија и учество на Регионалните и  Републичките спортски  натпревари за  пензионери;
 
            - Спроведување организиран културно – забавен  живот со програми подготвени самостојно и во соработка  со други  здруженија и организации,  како и со организирани посети на изложби,  театарски, фестивалски и други културно-забавни програми и манифестации во  градот и Републиката;
 
            - Подготовка и учество на Регионалните и  Републичките ревии на песна, музика и игри на пензионери,  со програми со кои значително се афирмиравме;
 
            - Учество  во активности од областа на одбраната;
 
            - Одбележување на Денот на пензионерите , Денот на  АРМ и други јавни манифестации во градот и Републиката;
 
            - Афирмација на ЗВП, со учество во активностите на  сите полиња и со присуство во средствата на јавно информирање, особено –  пензионерските.
 
           
           | 
        
           |