Заедничка седница на извршните одбори на САПЕНС и на СЗПМ
Меѓународната соработка на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија во подем
На 18 мај 2025 година во убавиот Охрид, согласно со Меморандумот за соработка потпишан минатат година во Белград, помеѓу Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) и Сојузот на пензионерите на Србија (САПЕНС), се одржа заедничка работна седница на нивните извршни одбори. Според договорот, заедничката седница имаше два дела.
