Здружението на пензионери Битола е едно од најстарите здруженија на Република Македонија, формирано во далечната 1946 година. Како ден на формирањето, Здружението го одбележува 15 октомври.
Здружението на пензионери на општина Битола е невладина, доброволна организација, организирана во 30 урбани заедници. Во своите редови ги вбројува и пензионерите од општините Новаци и Могила, кои се засебни урбани единици. Со своето бројно членство од повеќе од 18 000 членови е најголемото пензионерско Здружение во Македонија.
Правата и надлежностите на членовите на Здружението се остваруваат врз основ на законските прописи и Статутот на Здружението на пензионери Битола.
|