Известувања од извршниот одбор на СЗПМ
30.7.2025На 11 јули 2025 година на седница на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија се разгледаа значајни прашања кои произлегуваат од Програмата за работа на СЗПМ, за 2025 година.
Како актуелно прашање, кое беше разгледано од Извршниот одбор е и однесувањето на Здруженијата на пензионери во пресрет на претстојните локални избори.
Со одредбите на членот 13 од Законот за здруженија и фондации е утврдено дека здруженијата на пензионери не можат да вршат активности на политичка партија, односно не можат да обезбедуваат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија, и да влијаат на изборите.
Предвид на изложената законска одредба Извршниот одбор на Сојузот им препорачува на Здруженијата на пензионери дека при евентуални средби со идните градоначалници треба да истакнуваат само барања кои се во интерес и потреба за пензионерите особено барање за доследна примена на членот 22 од Законот за локалната самоуправа.
Исто така, на Извршниот одбор во врска со учеството на ЗП Куманово и ЗП Крива Паланка на фестивалот ”Трета доба“ – Љубљана, Сојузот како организатор препорачува покрај учесниците – фолклористи, во делегацијата може да биде вклучен: претседател или потпретседател на здружението, претседател на Комисијата за културно-забавен живот и кореограф односно само лица кои се непосредно вклучени за реализирање на настапот во Љубљана, со давање можност да учествуваат поголем број на учесници-активисти.
Извршен одбор на СЗПМ
Претседател
Станка Трајкова