За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери во Општината Ѓорче Петров е формирано во 2001 година, но вистинската негова активност почнува во вистинска смисла на зборот од 2006 година. На почетокот тоа било мало здружение кое опфаќало околу 5 000 или поточно 5 174  пензионери. Со време бројот на пензионерите се зголемувал за да денес тој изнесува околу 6 200 членови. Со зголемување на бројот на пензионерите неминовно доаѓа до потреба од формирање на разграноци кои денес ги има вкупно 7 на број.

Што се однесува до активностите и работата на здружението на почетокот тоа биле скромни обиди и резултати, пред се од објективни,  но и од субјективни причини. Првите обиди биле на спортски план, а потоа се заредиле и други активности како што се :

  • Учество на регионални ревии,
  • Организирање на екскурзии и посети на културни и историски места и обележја,
  • Реализирање хуманитарни акции со цел да се подигне стандардот на пензионерите од општината,
  • Соработка со други здруженија
  • Соработка со Црвениот Крст
  • Соработка со локалната управа и друго.

Посебни и подобри активности се одвиваат од 2006 година каде учеството на пензионерите од Здружението на пензионери на Ѓорче Петров станува многу помасовно и поквалитетно како на локално, така на регионално и на републичко ниво во рамките на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија чија активна членка е и здружението. Денес здружението брои околу 7500 членови, во секој разгранок има Клуб на пензионери, а постои и Клуб за дневен престој.
Здружението во 2011 година го одбележа своето десетгодишно постоење и во чест на јубилејот издадена Монографија.

 
  изработено од Medium 3