За нас Организација Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението на пензионери на општина Пехчево формирано е во 1944 година, но поради малиот број на пензионери не било регистрирано како самостојно здружение, која состојба траела до 1965 година, а пехчевските пензионери членуваат во општинското здружение во Берово. Незадоволни од соработката се формира здружение на пензионери во Месна заедница Пехчево во кое влегуваат и пензионерите од Робово, Умлена, Чифлик, Негрево, Црник, Пачарево.

Од 1.11.1966 година ЗП Пехчево е регистрирано согласно Законот и е членка во СЗПМ. По измените на Законот на здруженија и фондации Здружението на пензионери Пехчево врши усогласување на Статутот според одредбите на споменатиот закон и е заведено во Централниот регистар на РМ како Здружение на пензионери на општина Пехчево со седиште на улица „Индустриска“ број 1 Пехчево.

Здружението на пензионери на општина Пехчево има формирано ограноци по сите населени места во општината и во своите активности ги вклучува и пензионерите од ограноците. Има формирано и неколку комисии: Комисија за спорт, Комисија за статут, Комисија за екскурзии која во 2019 година организираше повеќе екскурзии како во РМ така и надвор ,и Актив на жени пензионерки чија пејачка група редовно учествува на Музичката ревија во организација на СЗПМ и на фестивали надвор од РСМ, како во Бугарија, Србија и други. Во своите активности здружението се грижи за решавање на секојдневните проблеми на пензионерите, како бањско климатско лекување, здравствена заштита и спортски активности. Учествува во активностите кои ги организира СЗПМ.

И покрај скромните финансиски средства со кои располага здружението истото успеа да ги реновира просториите доделени на времено користење од општина Пехчево во кое реновирање со свои средства покрај здружението учествуваа и општина Пехчево, СЗПМ ,Национални шуми Скопје. Во новите простории се канцелариите на здружението и пензионерски клуб со тераса во кој секојдневно престојуваат пензионери играјќи табла, шах и следејќи ТВ програма. Со клубот се служи кафе ,чај и безалкохолни и алкохолни пијалаци.

 
  изработено од Medium 3