За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

Врз основа на член 27 точка 3 од Статутот на здружението на пензионерите Тетово, Извршниот одбор на Здружението на седницата одржана на 05.11.2015 г. го утврди текстот и ја предлага за усвојување до Собранието следната ПРЕДЛОГ:

ПРОГРАМА
За работа на органите и телата на ЗП Тетово за 2016 година

1. Собранието, Извршниот одбор другите органи и телата на Здружението на пензионерите Тетово своите активности во 2016 година во основа ќе ги насочат кон остварување на определбите што ќе се утврдат со оваа Програма, како права и обврски кои произлегуваат од содржината и вкупните предвидувања со Статутот на Здружението и со Законот.
Организационото зацврстување како и остварување на континуирани активности на органите и телата на Здружението и ограноците ќе треба да се остваруваат и во овој временски период, па и понатаму кон отворена соработка меѓу органите и телата, раководните структури и стручната служба, кон јакнење на директните врски помеѓу пензионерите и овие субјекти.

2. Соодветните органи и тела на Здружението со Статут се обврзани да ги следат сите прашања и проблеми за кои пензионерите се животно заинтересирани. Затоа, е потребно во овој временски период да се остварува уште потесна соработка со ограноците како изборна и кадровска база на членовите на органите и телата на Здружението.

3. Своите кадровски капацитети органите и телата на Здружението ќе ги насочат кон почитување на законите и другата норматива, систематизирање и разрешување на проблемите, барањата и желбите на пензионерите и ограноците кои се  од животен интерес на пензионерите.

4. Воведување социјална карта на пензионерите, според проектот на СЗПМ и сознанијата на ЗП Ѓорче Петров, како носител на пилот-проектот и водење соодветна евиденција на членството по ограноци.

5. Помош за упатување на бањско и климатско лекување и одмор преку соработка со органите и организациите и соработка со ПИОМ, Фондот за здравство и управите на бањите и одморалиштата во кои помасовно престојуваат пензионерите.  Вклучување во организација на бањско лекување на пензионери со пониски пензии со финансирање од буџетот на Република Македонија;

6. Одмор, рекреација и културно забавен живот на пензионерите преку:
- Организирање излети и екскурзии во регионот, државата и странство, водејќи сметка за соодветна застапеност на ограноците, вклучување на пензионери со пониски примања. Со посебна одлука на Извршниот одбор, Здружението може да учествува со финансирање или кофинансирање  на овие активности;
- Организирање на традиционалната пензионерска вечер;
- Учество на заедничка прослава на 8-ми Март и други меѓународни, државни, локални и национални празници;
- Организирање мултиетничка средба на пензионерите на Македонија, која традиционално се одржува во Тетово;
- Подготовка и учество на фолклорни и други културно-уметнички смотри и настапи на пензионери со соодветна застапеност на изворниот фолклор и новосоздадени уметнички вредности на етничките заедници од подрачјето. Активности за постепено доопремување на учесниците на ревиите.

7. Во соработка со органите на локалната самоуправа во сите шест општини во регионот, да се разгледа можноста за отворање клубови на пензионери во седиштата на општините: Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.

8. Спортски живот:
- Формирање и подготовка на спортски екипи во разни спортски дисциплини, според услови и критериуми на Правилникот за организирање и учество на регионални и републички пензионерски спортски натпревари во организација на СЗПМ.
- Организирање и учество на регионални и републички пензионерски игри и спортски натпреварувања;
- Мерки и активности во опремување на спортските  екипи.

9. Активности за продолжување на колективното солидарно осигурување на брачни другари на пензионери кои до сега учествувале во создавањето солидарни средства на Здружението.

10. Дом на пензионери:
- Рационално искористување и грижа за просторот во Домот на пензионерите и дворните површини; Инвестиционо одржување на Домот на пензионерите со сопствени средства и донации од домашни и странски донатори -  доградба и тековно одржување.
- Мерки и активности за разрешување на имотно - правните односи за  земјиштето доделено со правосилно решение од Општината Тетово;
- Преку активности за порационално искористување на просторот во Домот, особено сместувачките капацитети ќе се работи на создавање услови за воведување економска цена на станарина;
- Грижа за обезбедување нормални услови на времено сместените пензионери, оспособување на постојните простории и редовно одржување на потребите за парно или друг вид затоплување, осветление, вода и други комунални потреби.
- Да се преиспита можноста за организирано снабдување со огревно дрво на заинтересираните пензионери;

11. Доделување еднократна помош на пензионери, согласно одлуката и критериумите на Извршниот одбор;

12. Соодветна финансиска поддршка на активностите во ограноците во рамки на финансискиот план и можностите на Здружението во тековната година;

13. Мерки и активности за подобрување на материјално-финансиската состојба преку зголемување на обемот на приходи од камати, донации и други видови приходи, како и поекономично работење со максимално штедење и намалување на трошоците за тековна работа;

14. Здружението воспоставува соработка со СЗПМ, други здруженија, сојузи и асоцијации во земјата и странство;
- Воспоставува потесна соработка со органите на локалната самоуправа во шесте општини од регионот за остварување поголеми права на пензионерите и вклучување во активностите на општините;
- Продолжување на активноста за склучување на спогодби за соработка со локалните самоуправи од регионот, а особено со општините Желино и Јегуновце со кои сеуште не е потпишана и преземање активности за реализација на договорените содржини за соработка;

15. Јавност во работата на органите и телата на Здружението преку континуирана соработка со информативните средства и преку непосредни контакти и писмени информации до ограноците и членството во целина;

16. Органите и телата на Здружението ќе се ангажираат и по други прашања кои ќе се наметнат во текот на годината, а за кои ќе бидат заземени претходни ставови;

17. Постојаните комисии и другите повремени комисии и работни тела ќе донесат посебни програми конкретизирани на потребите и ускладени со годишната програма на ЗП Тетово.  

  Здружение на пензионери Тетово
Шабан Азизи, претседател
 
  изработено од Medium 3