Нов проект на СЗПМ во интерес на пензионерите
Физикална терапија и медицинска рехабилитација по поволни услови
6.5.2025На 4.04.2025 година во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се одржа средба со Прим. Д-р Василка Поповска, сопственичка на ПЗУ Специјалистичка ординација за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Д-Р Васка” Скопје. На средбата од страна на Сојузот присуствуваа Станка Трајкова Претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, секретарот на ИО на СЗПМ Менка Темелковска, претседателот на Комисија за здравство и социјална политика при ИО на СЗПМ д-р Стојанче Стефаноски и претседателите на ЗП Сарај , ЗП Ѓорче Петров, ЗП Тафталиџе ДДД.
На состанокот Претседателката Трајкова потенцираше дека Сојузот се грижи за здравјето на своето членство, но и за подобрување на нивниот материјален статус, дека средбата е во интерес на пензионерите и е во рамките на Програмата на Сојузот за 2025 година и дека оваа соработка ги содржи и двата елементи.
Прим. Д-р Василка Поповска, ги објасни благодатите на физикалната терапија и медицинска рехабилитација што ги нуди ПЗУ Специјалистичка ординација за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Д-Р Васка” Скопје. На состанокот се одлучи специјалистичкиот преглед за користење на физикална терапија и медицинска рехабилитација да изнесува 500 денари, но ако се продолжи со терапија прегледот не се наплаќа. Беа утврдени следните услуги:
- дневниот третман на физикална терапија да изнесува 500 денари.
- физикалната терапија да опфаќа: ласер, ултра звук, тенс, магнет, дијадинамик и криотерапија (ладење со мраз) – согласно здравствената состојба на пензионерот.
- третманот со физикалните терапии ќе се изведува од 7 до 10 дена, а за потешки случаи може да трае и подолго, во консултација со лекар специјалист.
- третманот ќе се реализира од 12-20 часот секој ден од понеделник до петок.
- терапиите се достапни во текот на цела година, а може да се прават според условите на овој Меморандум 2 пати во текот на годината
- за користење на физикална терапија пензионерот треба да ги приложи следните документи:
- потврда дека е член на здружение на пензионери членка на СЗПМ
- медицинска документација која ја има (не потребен упат од лекар-специјалист).
Доколку пациентот има осигурување преку Осигурителна компанија, ординацијата „Др. Васка” дава комплетна документација со фискална сметка за поврат на финансиски средства за извршениот третман.
За третман со физикална терапија предност имаат пензионерите од ЗП Сарај, ЗП Ѓорче Петров, ЗП Тафталиџе и ЗП Карпош, поради близината на ординацијата, а услугите можат да ги користат и пензионерите од останатите здруженија на пензионери членки на СЗПМ од Скопје.
Исто така беше договорено здруженијата на пензионери да ги известат своите пензионери за услугите што ги дава „Д-р Васка”, преку ограноците со писмени известување на повеќе места на подрачјето на Здружението. Извештај за направените услуги и дадените потврди за терапија ќе дава „Д-р. Васка” и претседателите на здруженијата до Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и тоа на секои три месеци.