Здружението на пензионери Валандово е самостојна, независна, невладина, непартиска и мултиетничка организација на слободно здружени корисници (старосни, семејни и инвалидски) пензионери од општината Валандово.
Здружението дејствува во интерес на остварување и унапредување на заедничките цели и интереси на сите корисници на пензија во Општината, ги штити стекнатите права од пензиското и инвалидското осигурување и се залага за поквалитетна здравствена заштита.
Здружението работи согласно Уставот, Законите, Статутот на Здружението и Статутот на СЗПМ. Здружението ги унапредува културните, спортските и хуманитарните активности на пензионерите и учествува во организираните спортски натпревари на ниво на Регион и на ниво на Сојуз, како и учествува на манифестациите на песна, музика и игри. Здружението соработува и со други здруженија и невладини организации во Општината и пошироко.
Здружението на пензионерите Валандово, е формирано со Одлука под името Сојуз на пензионери Валандово на 04.03.1984 година.
Со статус на правно лице се здобива со запишување во Централен регистер при Окружниот стопански суд Скопје со решение рег. Бр. 726/87 од 12.11.1987 година, согласно Законот за здруженија и фондации. ЗП Валандово е членка за СЗПМ.
Во времето на формирањето здружението броело 763 члена.
Во 1997 година бројот на пензионери изнесува 1250 члена.
Во 2002 година тој број е 1381, за да во 2015 година бројот на пензионери-членови се зголеми на 1774 корисници на пензија, членови на Здружението.
Како претседатели на Здружението во изминатиот период се јавуваат лицата; Динка Лазов, Ѓорѓе Сапунџиев, Александар Стојчев, Манчо Ширтовски, Ванчо Маркудов, Леонид Манчев и сегашниот седми по ред претседател Кирил Гошев.
Согласно Законските одреби и Статутот на здружението, Собранието брои 17 члена, додека Извршниот Одбор е составен од 9 членови. Според старосната структура, најстариот член на ИО е на возраст од 78, а најмладиот на 61 година.
Надзорниот Одбор е составен од три членови. Здружението има 4 ограноци според географската поставеност на населените места.
Согласно Статутот, во рамките на Здружението работат комисии и тела согласно Статутот на Здружението и СЗПМ, меѓу кои и:
Комисија за спорт и рекреација, Комсисија за културно-забавни активности, Комисија за доделување станови и др.
Здружението располага и е сопственик на Пензионерскиот дом во кој е сместен, Пензионерски клуб, како и 4 стана во кои живеат пензионери.
|