|
П Р О Г Р А М А
За работа на Здружението на пензионери Валандово за 2016 година
Во согласност со програмските цели на Сојузот на пензионерите на Македонија, Извршниот одбор на ЗП Валандово, за тековната 2016 година, своите програмски задачи ке ги усогласи кон Статутот на здружението и во насока на заштита и унапредување на поцелосна здравствена заштита, збогатување и унапредување на културните, спортските, хуманитарните и други потреби на пензионерите.
Програмски цели;
- Соработка со СЗПМ, добивање на информации, размена на мислења, запознавање со проблемите на Здружението и взаемно надминување на одредени состојби
- Со одлуки на ИО на ЗП, главен приоритет ќе биде дадено во остварувањето на социјално-хуманитарните дела и задачи, при што ќе се опфати целокупното членство на ЗП Валандово, на кои им е потребна соодветна парична, материјална или друг вид на солидарна помош.
- Доколку од страна на Сојузот се донесе Одлука за целосно воведување на социјална карта, ИО на ЗП Валандово, активно ќе се вклучи во активностите околу обезбедувањето на социјална карта на сите регистрирани членови на Здружението, во која ке се содржат податоци кои ќе помогнат во согледување на потребите од разни облици на помош на пензионерите.
- Преземање на соодветни активности и мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, особено на пензионери со ниски примања, со доделување на парична помош, помош во хигиенски средства, огревни дрва и друг вид помош во зависност од потребата.
- Спроведување на мерките од социјална и здравствена заштита на пензионерите со цел подобра снабденост со лекарства и укажување на лекарска помош.
- Донесување на посебна програма за посета на болни и неподвижни пензионери и укажување на помош во зависност од потребите.
- Ангажираност на Активот на жени-пензионерки, во активности за подобра соработка со центрите за социјална работа, како и земање на активно учеството во развојот на културните активности во Здружението на пензионери.
- Превземање на соодветни мерки и активности за активирање на ограноците на пензионерите од сите населени места од општината преку формирање на пензионерски клубови и дневни центри, а целата оваа активност да се одвива во соработка со локалната самоуправа.
- Во соработка со Здравен дом Валандово, организирање на трибини и работилници за ризичните болести во третото доба на животот на пензионерите. Запознавање и превенција од болести.
- Превземање на активности и заедничка соработка на Здруженијата на пензионери од регионот, со Локалната самоуправа на општина Валандово и соседните општини околу актуелното прашање за изградба на Пензионерски-старечки дом. Воедно ке се интензивира соработката со Фондот на Пиом во општината во врска со остварување на правата на пензионерите.
- Следење и земање учество на регионалните и сојузни спортски игри, кои ќе се одржат во согласност со Одлуката на СЗПМ, со цел одржување на спортскиот дух и практикување на активно и здраво стареење.
- Заради земање на активно учество во регионалните натпревари на песни, музика и игри да се формира пејачка и фолклорна група, кои ке треба да покажат поголема активност, заради вклопување во претстојните активности.
- Соработка на Здружението со Црвениот крст од општината, локалната самоуправа, социјалните установи и други невладини организации, а се со цел помагање и подобрување на условите на живот на пензионерите од општината
- Соработка со Фондот на ПИОМ заради усогласување на евиденциите на членството, редовна уплата на членарината, редовна и навремена исплата на посмртните трошоци на членовите.
- Информирање, остварување на јавност и отчет во работата. Здружението преку свој дописник, ќе земе активно учество за навремено информирање на СЗПМ за активностите на членовите, а ќе оствари и јавност во запознавањето со тоа што весниците Пензионерски видици и Пензионер плус, ке ги направи достапни до што поголем број на членови.
- Бидејќи оваа година Сојузот на пензионерите на Македонија слави 70 години од формирањето, ЗП Валандово ќе се вклучи во сите активности кои се планирани на регионално и Сојузно ниво.
- Ќе се превземат мерки за поголема соработка со Градоначалникот и Советот на општината за заедничко надминување на одредени проблеми на ниво на општина во кои пензионерите ќе земат поактивно учество, се со цел за подоинствен и поактивен пензионерски живот.
- Ќе се направи програма за патување со цел да се искористат поволностите за бесплатен железнички и автобуски сообраќај.
- Работата на Собранието и ИО на ЗП Валандово ќе биде јавно презентирана пред нејзиното членство.
- Инвестиционо и тековно одржување на Пензионерскиот дом, со реконструкција и делумни поправки.
- Разгледување и разрешување на актуелни проблеми кои ќе се појават во текот на годината.
Програмата на ЗП Валандово е од отворен тип, така што може да се надополнува во текот на цела година.
Изготвил:
Горица Михајлова |
Претседател на ИО на ЗП Валандово
Кирил Гошев |
|
|