За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  За нас  
Страници на здруженија

Здружението е формирано на 25.07.1998 година и на истиот ден е поднесена пријава за запишување во Централниот регистер. Здружението има четири ограноци: Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемлија. Од сите ограноци има претставници во Собранието и во ИО на здружението. Собранието има 21 член, а ИО има 9 члена. Во составот на ОЗП-Богданци има Актив на пензионерки.
Од областа на културата здружението учествува редовно на Регионалните ревии на песни, музика и игра, како и на други фолклорни манифестации. Пензионерите редовно се присутни на пикниците на зелено низ цела држава. Согледно програмата секоја година се организираат екскурзии и тоа: пролетна и есенска со партиципација од здружението. Во рамките на културно забавниот живот се организираат посети на театарски претстави во кои учествуваат пензионери, членови на здружението и друго.
Хуманоста кон најзагрозените е присутна преку доделување на парична помош и пакети со основни артикли во вредност според можностите на здружението.
Општинското здружение на пензионери од Богданци редовно учествува на регионалните и републичките пензионерски спортски активности согласно програмата на СЗПМ.
Претседател на ОЗП-Богданци е Васил Туранов. Здружението нема свој пензионерски клуб. Канцеларијата и просторијата за активности се во сопственост на Фондот на ПИОМ.

 
  изработено од Medium 3