Здружението е формирано во 18.10.1973 година и од тогаш е членка на СЗПМ Назив на здружението е СЗПМ - Здружение на пензионери на општините Дебар и Центар Жупа. Во меѓувреме нема настанати промени.
ЗП Дебар и Центар Жупа функционира преку следните органи, тела и комисии:
- Собранието на Здружението на пензионерите на општините Дебар и Центар Жупа кое брои 27 членови и 12 заменици или вкупно 39 члена,
- Извршниот одбор кој брои 18 члена,
- Надзорниот одбор кој брои 3 члена и 1 заменик.
Во здружението работат 5 комисии и тоа:
- комисија за културен и забавен живот
- комисија за спорт и рекреација
- комисија за здравство и здравствена заштита
- комисија за помош, социјални прашања и посета на болни пензионери
- комисија за набавка и расходување на основни средства
Здружението има 8 ограноци и тоа:
Бајрам Бег, Инќар, Дервиш Мустафа, населбата Венец 1 и 2 во Дебар,
Центар Жупа, селата Отишани и Џепиште, Долни Косоврасти
и огранокот во село Могорче
Во Здружението работи и Актив на пензионерки од 3 члена, а претседател е Марионка Уштеленци.
Здружението поседува Пензионерски Дом изграден во 1973 година со 10 соби, од кои две се користат за функционирање на здружението и просторија за дневен престој на пензионерите со големина од 100 м2.
Претседател на Собранието и на ИО на Здружението на пензионерите на општините Дебар и Ц. Жупа, е Бесник Поцеста, а секретар е Мухамед Хиса.
Здружението брои 1905 пензионери, старосни и семејни.
Здружението особено соработува со пензионерите од Албанија.
Соработка со Албанија
|