|
ПРОГРАМА
за работа на Собранието, Извршниот одбор и другите органи и тела на здружението на пензионери на општините Дебар и Центар Жупа
за 2015 година
I. ОПШТИ НАСОКИ
Пензионерите од овие две општини се организирани во едно здружение на пензионери. Според СТАТУТОТ, ЗП Дебар и Центар Жупа е невладина, непартиска, мултиетничка и непрофитабилна организација.
Здружението е организирано врз доброволна основа.
Здружението членува во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, со цел заедничка заштита и унапредување на правата на пензионерите на Македонија.
Основни цели во работата на Здружението се:
- Остварување и заштита на заедничките права и интереси на пензионерите
- Законското усогласување и зголемување на пензиите и пензиските примања - Унапредување и остварување на квалитетна здравствена заштита на пензионерите
- Активно живеење на пензионерите со организирање на културно забавен живот, спортски и хуманитарни активности и организирано учество во севкупниот живот во државата
II. ПОСЕБНИ НАСОКИ
- Ќе се продолжи со унапредување на методот и содржината на работа во органите и телата на Здружението
- Ќе продолжи да се унапредува развојот на ограноците, како базична форми на пензионерското организирање
- Понатамошно развивање и унапредување на облиците, содржината и остварување на цел за која е изграден Домот на пензионерите во Дебар
- Како досега да продолжи да се развива и соодветно да се модернизира Клупската просторија и локалот за дневен престој на пензионерите во Домот на пензионерите,
- Грижата кон пензионерите, особено кон финансиски загрозените пензионери да продолжи во континуитет
- Содржината да се збогатува и да се унапредува соработката со други здруженија на пензионерите на Македонија,
- Учество во активностите на Програмата на СЗПМ
- Учество во регионалните спортските активности, посебно во четвртиот Југо-западен Регион
- Учество во регионалните ревии на песни, музика и игри
- Унапредување на солидарното осигурување на пензионерите на Македонија во случај на смрт, било солидарното осигурување да се потврдува во рамките на Сојузот на пензионерите, било тоа осигурување да биде остварувано преку Фондот на ПИОМ
- Максимална поддршка за развој и унапредување на материјално најзагрозените пензионери при лекување, како и испраќање на одмор по поволни услови
- Да се продолжи со снабдување на прехранбени производи, огрев и друго на пензионерите по поволни услови
- Се подржуваат активностите на Активот на жени пензионерки при ова здружение
- Остварување и проширување на активностите од Меморандумот за соработка помеѓу ова Здружение и локалната самоуправа на општините Дебар и Центар Жупа и општинската организација на Црвен крст – Дебар
- Преку ограноците и други форми ќе се продолжи со активностите за што пошироко информирање на членството
- Денот на пензионерите на Македонија 20 Септември и Денот на жената 8 Март пригодно да се одбележуваат
Програмата е отворена и може да се надополнува ако за тоа има потреба.
|
Здружение на пензионери
на Дебар и Центар Жупа |
|
|