| Здружението на  старосни, семејни, инвалидски и други пензионери на Општина Делчево за прв пат  е формирано во 1959 година и како здружение функционирало со 57 членови.Бројката на  членови на здружението постојано се зголемува, а здружението како правен  субјект во централниот регистер е регистрирано на 17.12.1998 година.
  Согласно  програмата за работа се организираат екскурзии и редовно се присуствува на  пикниците што ги организираат други здруженија.  Хуманоста кон  најзагрозените пензионери е присутна и се реализира со доделување на финансиска  помош и пакети со основни артикли чија вредност ја одредува извршниот одбор  според можностите на здружението.  Здружението на  старосни, инвалидски и други пензионери на Општина Делчево редовно учествува на  регионалните спортски натпревари а доколку обезбеди пласман и на Републичките  спортски натпревари.  Исто така  здружението зема учество и на музичките ревии.Здружението има  пензионерски клуб во кој пензионерите се дружат и забавуваат со разни друштвени  игри.
  Здружението има  соработка со локалната самоуправа, црвениот крст, домот на културата, здравствениот  дом, невладините организации кои делуваат во Општината.  Здружението има  14 ограноци и од сите ограноци има претставници во Собранието на здружението.Собранието има  31 член а Извршниот одбор 11 члена.
 Здружението има  надзорен одбор, Комисија за Статут и правни прашања, Актив на жени, Комисија за  спорт и рекреација, Комисија за култура, Комисија за здравство, Комисија за  еднократна парична помош, Комисија за тендери, Комисија за попис, и комисија за  екологија.
  Претседател на  здружението е Голубинка Анастасова,Секретар на  здружението е Димитар Арсов.
 Делегат во СЗПМ  е Димитар Костадиновски.
 |