За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

Врз основа на член 19 став 1 точка 3 ос Статутот на здружението на старосни, семејни, инвалидско и други пензионери на општина Делчево, Собранието на Здружението на седницата одржана на ___________2020 година донесе

П Р О Г Р А М А

За работа на здружението на старосни, семејни, инвалидско и други пензионери на општина Делчево за 2020 година

Со оваа Програма ќе се реализираат активностите од областа на пензионерското организирање, значењето од извршувањето на активностите на здружението и соработка со останатите здруженија членки на СЗПМ.
Средствата за реализација на програмата се обезбедуваат согласно Статутот на здружението, а планирани со финансискиот план на Здружението.
Во реализацијата на оваа програма ќе учествуваат сите комисии и работни тела на собранието на здружението на пензионери на општина Делчево.
Основните принципи врз основа на кои се заснова оваа програма односно активноста на Здружението на пензионери е слободно искажување и давање на мислење за прашања од интерес на корисниците на пензија, поведување на иницијативи, активно учество во градење и креирање на начинот на работење на здружението.
При спроведувањето на програмата да се имаат во предвид принципите на одговорност, остварливост, инклузивност, оптимизација како и поефикасно спроведување на задачите од оваа програма. За успешна реализација на програмата може да се подготвуваат и оперативни програми.
Со оваа програма се предвидува соработка со СЗПМ, ПИОМ, Локална самоуправа, Црвен крст и со други невладини организации и фондации.
Во тековната 2020 година, Здружението на пензионери Делчево како непартиска, невладина, непрофитабилна организација, здружение и мултиетничка асоцијација, самостојна во организирање и остварување на целите, интересите и дејностите ќе ги реализира следните активности и задачи:
- Во текот на месец јануари е предвидено средба со Градоначалникот на Општина Делчево со изнесување на проблемите на пензионерите со минимални пензии, проблеми од областа на инфраструктурата, кои ги засегаат пензионерите а се во надлежност на локалната самоуправа, одредени активности кои се во надлежност на локалната самоуправа, а да земат учество и пензионерите од нашето здружение.
- Средба со претставници на Црвениот крст за договарање на активности од страна на лекари за предавања и совети за пензионерите од областа на здружението, за бесплатно мерење ма крвен притисок и шеќер во крвта.
- Средба со претседателите на сите 14 ограноци, со покана до истите да соработуваат со Здружението на пензионерите, во смисла на давање иницијативи, изнесување на проблеми- а се со цел подобрување на животниот стандардна пензионерите по месните организации.
- Одржување на Новогодишна забава за корисниците на пензија со новогодишна лотарија.
- Во текот на месец февруари, одржување седница на Извршен одбор и на надзорен одбор со разгледување и усвојување на извештајот за работењето во 2019 година, Програмата за работа во тековната 2020 година, усвојување на Завршната сметка за 2019 година.
- Во месец март, одржување на отчетно собрание на Здружението на пензионери Делчево.
- Одржување на чајанка по повод 8-ми март, во организација на Активот на жени.
- Средби со претставници на здруженијата од регионот заради размена на искуства, договарање на заеднички хуманитарни активности меѓу здруженијата и други невладини организации.
- Во текот на месец април активности околу подготовките за настап на музичката ревија на песни, музика и групи која се одржува во месец мај а со цел натамошно унапредување на овие културни манифестации.
- Во договор со Здравниот дом Делчево се планира посета од медицински лица на пензионерите од Делчево со давање совети од областа на медицината и воедно бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крв. Исто така ќе се организираат и повремени посети во руралните средини од страна на медицински лица.
- Следење, ангажирање и давање поддршка на СЗПМ на заложбата за изградба на старински домови во нашиот регион.
- Преземање активности за воведување на пензионерска социјална карта на ЗП Делчево.
- Подготовки за настап на регионалните спортски натпревари и настојување на што помасовна вклученост на пензионерите во сите спортски дисциплини. .
- Организирање пензионерски средби и други видови на активности во насоки на здрав активен пензионерски живот.
- На покани од Здруженија на пензионери организирање на посета на манастирски комплекси со цел пензионерско дружење со пензионери од разни краеви на државата.
- Организирање на еднодневни екскурзии во земјава и странство.
- Вклучување на пензионерите во зачувување на животната средина преку еколошки активности организирани од ЗП Делчево, здруженија на екологисти и локална самоуправа.
- Здружението на пензионери ќе земе активно учество на сите покани од Локалната самоуправа за чествување на сите државни и општински празници.
- Денот на пензионерите 20 септември ќе биде одбележен на соодветен и достоен начин.
- Во текот на месец март ќе се одржат вонредни избори за делегат во собранието од месен огранок с. Габрово поради смрт на досегашниот делегат.
- Доколку обезбедиме пласман на регионалните спортски натпревари ќе земеме активно учество и на Републичките спортски игри.
- На крајот на годината ќе се организира новогодишна забава со скромен новогодишен коктел.
Програмата ќе биде доставена до делегатите на собранието на ЗП Делчево на усвојување.
Оваа програма е од јавен карактер и во текот на годината може да се надополнува и изменува.

Претседател на ЗП Делчево
Голубинка Анастасова
 
  изработено од Medium 3