За нас Организација Програма Документи Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

ПРОГРАМА
За работа на органите и телата на
Здружението на пензионери Ѓорче Петров-Скопје
за 2023 година

Раководејќи се од основните цели и задачи во 2023 година, активностите  ќе се насочат кон остварување на определбите што се  утврдени со оваа Програма како и правата и обврските што произлегуваат од Статутот и Законите.
Од витално значење за нашите членови се поквалитетната здравствена,  правна и социјална заштита како и културните и рекреативните активности  кои  континуирано се во нашето организирање.
Имајќи во предвид дека се’ уште меѓу нас е присутен вирусот Ковид -19 изразен преку новите подсоеви, а како најзагрозена категорија се пензионерите, будно ќе ги следиме препораките на СЗО и ќе превземаме мерки и активности кои ќе ги препорача Министерството  за Здравство. Се со  цел заштита на здравјето на нашите членови.
 Овие цели и задачи ќе бидат приоритетни во Програмата за работа во 2023 година. Согласно целите и задачите утврдени во Статутот во  Програмата за работа за 2023 година се предвидуваат следните активности.

1. Превземање на активности во соработка со СЗПМ.
- Ќе бараме со соработка со СЗПМ да се врати пензионерскиот дом во  сопственост на  Здружението-Ѓорче Петров.
- Преку комисијата за здравство во СЗПМ ќе бараме да се поведе иницијатива до Владата ,за бесплатно упатување на пензионери со ниски пензии на банско и климатско лекување и викенд одмори преку Фондот на ПИОМ.
- Како најзначајна обврска на Здружението ќе биде да побара од СЗПМ  преземање на активности за усогласување и покачување на најниските пензии.

2. Здравствена-социјална заштита на пензионерите.
 Комисијата за здравство и социјална заштита ќе ги превзема следниве активности:
- Во координација со одборите во разграноците континуирано ќе врши посета во домашни услови на болни и изнемоштени пензионери.
- Активно вклучување во акцијата организирана од страна на Црвениот Крст по повод денот Недела за грижа на стари и изнемоштени лица.
- Ќе се посетат пензионерите сместени во Геријатриска болница 13-ти Ноември и Мајка Тереза.
- Организирање на предавања од областа на здравствената заштита од страна на компетентни здравствени работници.
- Во соработка со Црвениот крст ќе иницираме акции за мерење на притисок и шеќер во крвта на наши пензионери.
- Ќе настојуваме да се доделува еднократна  парична помош во износ од 1000 денари на што поголем број  на пензионери со ниски пензиски примања.
- Да продолжи праксата со склучување договори со банско климатски установи со повластено користење на банско климатско лекување за пензионери членови на ЗП-Ѓ.Петров
-  Ќе се обезбеди бесплатно Банско лекување на 20- тина пензионери со ниски пензии на трошок на здружението.
- Пензионерите кои боледуваат од тешки заболувања  финансиски ќе се помогнат.
Со овие мерки здружението ќе помага на најранливата категорија пензионери со ниски примања.

3.Донесување нормативни акти и нивно регулирање
- Со измените  и дополнување на Статутот на ЗП Ѓорче Петров ќе се извршат измени и дополнувања на сите правилници на ЗП-Ѓ.Петров во рок од 6-месеци..
- Ќе се донесат и правилник за  работа на клубовите во разграноците.

4.Правна заштита
- Извршниот одбор ќе формира комисија составена од Правни лица кои ќе водат грижа за нашите членови, со тоа што бесплатно ќе им даваат правна помош и ќе ги упатуваат до соодветната институција, со цел полесно и побрзо да го остварат своето право.

5. Законско водење на Материјално финансиското и  Книговодственото работење.
Во  2023 година ќе бидат разгледувани и  донесени следните акти:
     - Извештај за работа на органите и телата на ЗП-Ѓ.Петров за 2022 година.
     - Финансиски извештај за 2022 година.
     -Завршна сметка за 2022 година;
     - Финансики План за 2024 година;
     - Повремени извештаи за остварување на приходите и расходите ;
     - По потреба изготвување на Ребаланс за Финансискиот план ;
     - Извештај на Надзорниот одбор;
    - Извештај на пописна комисија ;
 
6. Спроведување на избори во органите и телата на Здружението.
7. Спортски активности
- Извршниот одбор да донесе Одлука за учество и настап на регионалните 27-тите пензионерски спортски игри (можно е да сме домаќини).
- Разграноците да формираат спортски екипи,екипно и поединечно по спортски дисциплини кои меѓусебно ќе се такмичат, а најдобрите поединци и екипи ќе го претставуваат здружението на Регионалните спортски натпревари.
- Ќе се набават сите потребни реквизити за одржување на припреми и такмичење на екипите.
- Ќе се изврши  подготовка на спортските екипи и поединци по спортски дисциплини , за настап на РЕГИОНАЛНИТЕ ИГРИ.
-Здружението ќе земе  учество на натпревари и турнири што ги организира локалната самоуправа и други организации.

 8. Рекреација
 - Организирање на еднодневни и повеќе дневни излети за посета на културно историски знаменитости во државата и надвор од неа;
 - Организирање дружење со пензионери од други Здруженија ;
-  Учество на заеднички манифестации и излети  организирани од СЗПМ, Град Скопје, Локалната самоуправа и други здруженија во државата и странство.

 9. Културно забавен живот
      - Од страна на Извршниот одбор ќе биде донесена Одлука за учество и настап на Ревијата  Игра, Песна  и Музика во организација на СЗПМ.
      - Од страна на ИО да се донесе одлука за ангажирање на стручни и компетентни лица-кореограф кои ќе ги подготвуваат нашите учесници за настап на сите културни манифестации како што се настапот на Илинденски денови во Битола, Учество на фестивалот Пеце Атанасовски во с.Долнени-Прилеп.
     - Организирање на традиционална пензионерска вечер по повод Нова Година
     - Настап на манифестации што ги организира локалната самоуправа и други организации;
     - Посета на театарски и кино претстави , музеи и галерии;
     - Формирање на други секции за кои што ќе има заинтересирани пензионери  (драмска, рецитаторска , ликовна и други).  
   
10.  Соработка
          - Со СЗПМ, СЗП на град Скопје и други ЗП;
          - Збратимување со ЗП, од Градот, Републиката и соседни држави
          - Посебна соработка со локалната самоуправа и други невладини организации.
          - Соработка со организацијата на Црвен крст
       
11.  Информирање, отчетност и транспарентност во работењето
- Работата на органите и телата на ЗП е јавна и транспарентна
Траспаретност, информирањето и достапноста на информациите од работата на Здружението на пензионери Ѓорче Петров до целото членство ,соработниците и поддржувачите на активностите се од суштинско значење за одржување висок степен на препознатливост на Здружението.
- Во таа насока здружението ќе се залага за:
- Зајакнување на капацитетот за работа на полето на информирање.
- Следење на современите трендови за соодветна промоција на активностите .
- Навремена подготовка, споделување и дистрибуција на информации за планирани и реализирани активности на Здружението до членовите преку Весникот Пензионер Плус, Веб подстраницата на СЗПМ,
- Развивање на соработка со медиумите.       
 - Ќе се информира СЗПМ , СЗП на град Скопје, локалната самоуправа и други организации     за програмските   активности на здружението.

12. Унапредување и збогатување на содржината на работат на клубовите и разграноците.
- Обврска  на здружението е привлекување на нашите членови во што поголем број да ги посетуваат клубовите и таму да се активираат преку учество на организирани работилници за обука и унапредување на одредени активности.
-  Клубовите да се снабдат со реквизити ( шахови, домина, пикадо, топки и друго).
- Согласно законот за локална самоуправа и Меморандумот за соработка ќе се настојува Општината  да поведе повеќе сметка за одржувањето и опремувањето на клубовите во разграноците и истата да предвиди средства во буџетот на Општината за 2023 година за оваа намена.
   
13. Активот на жени
- Во рамките на стратешките определби на Здружението Активот на жени активностите ќе ги насочи кон:
-Унапредување на волонтерството во здружението, со организирање посети на болни и изнемоштени пензионери.
- Промовирање на основните принципи на  хуманитарните активности, со организирање на собирни акции во соработка со црвениот крст.
- Организирање на  едукативни активности за заштита на  здравјето на                 пензионерите.
- Соработка со другите Здруженија во град Скопје и Државата.
- Организирање на културни манифестации како Сирна Недела и Избор на најшарено  велинденско јајце.
-Учество на манифестацијата Блакцето на Баба,Томова недела,Зелникот на баба
- Посета на пензионери во Геријатриската болница „13-ти Ноември“ и „Мајка Тереза“
 
 14.Ажурирање на евиденцијата на членството во Здружението
 - Ќе се Ажурираат  податоците на нови пензионери и ќе се следи нивната социјална состојба.
 Програмата е од отворен карактер и може да се дополнува со прашања од интерес на членовите на ЗП како и активности кои произлегуваат од материјали и активности кои произлегуваат од СЗПМ и СЗП на град Скопје  
Комисиите на Собранието,  Извршниот одбор и Активот на жени- пензионерки да достават свои програми за работа  и истите ќе бидат вградени во Годишната програма за работа за 2023 година.   

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ
Крсто Златевски

 
  изработено од Medium 3