За нас Организација Програма Контакт СЗПМ  
 
 
  ПРОГРАМА  
Страници на здруженија

ПРОГРАМА
За работата на Здружение СОЛИДАРНИ ПЕНЗИОНЕРИ – Илинден за 2014 година

Во подготвување на Програмата за работата на Здружение СОЛИДАРНИ ПЕНЗИОНЕРИ – Илинден за 2014 година за основа се земени Програмите на Месните ограноци, Комисиите, како и Програмата на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија чија членка е и оваа здружение.

Посебен приоритет во Програмата за работата на Здружение СОЛИДАРНИ ПЕНЗИОНЕРИ – Илинден за 2014 година се дава на хуманитарните цели и задачи од причина што 2014 година од страна на СЗПМ се прогласена за Година на Солидарноста.
 
И во 2014 година во континуитет ќе продолжат започнатите активности преку кои се реализираат основните цели и задачи на здружението:

  1. Заштита на стекнатите права од пензиско инвалидското осигурување и редовна исплата на пензиите заедно со СЗПМ, со што ќе се обезбеди материјална сигурност на пензионерите и квалитетен живот. Исто така, и во оваа година Здружение СОЛИДАРНИ ПЕНЗИОНЕРИ – Илинден ќе се залага за редовно усогласување на пензиите согласно законските регулативи и зголемување на трошоците за живот.
  2. Усогласување на актите на здружението во случај да биде донесен новиот Закон за пензионерско организирање во Р. Македонија.
  3. Отворање на нови Клубови на пензионери, таму каде има услови за тоа.
  4. Преземање активности за изготвување на социјална карта на членовите на здружението. Збогатено и навремено оформирање на членството во ограноците, за сите случувања во Здружение СОЛИДАРНИ ПЕНЗИОНЕРИ – Илинден, за активностите на СЗПМ и обратно.
  5. Промовирање на посодржајна соработка со Локалната самоуправа  за обезбедување подостоинствен живот на пензионерите и сите стари лица во Општината Илинден во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка..
  6. Изградба на Старски пензионерски дом во општина та заедно со локалната самоуправа.
  7. Транспарентност и отчетност во работата на сите нивоа и во сите активности.
  8. Собранието најмалку два пати годишно ќе расправа по извештаи на Извршниот Одбор, со цел да има увид во целокупната работа.
  9. Водење гбрижа за болните и пензионерите со најниски примања.
  10. Учество на Ревиите на песна музика и игри на сите нивоа.
  11. Учество на спортските пензионерски натпревари на сите нивоа.
  12. Организирање екскурзии
  13. Соработка со  други здруженија
  14. Организирање на предавања на теми кои ги интересира членството.

Програмата е отворена и во текот на годината може да се надополнува.

Претседател на Собранието 
Цане Антовски 

Претседател на Извршниот одбор
Мирослав Стојановски

 
  изработено од Medium 3