Инфо  

Галерии

ЗП Лабуништа

Берберница по мерка на муштериите

6.6.2019

Во берберницата „Младост“ во струшкото село Подгорци, секогаш врие како во кошничка од муштерии што постојано влегуваат и излегуваат. Муабетите за политика внатре се „забранети“, оти, како што велат муштериите: „ политиката ги раскарува пријателите и колегите, а ние тоа не го сакаме“. Сопственикот е муслиман, а муштерите се од сите народности, Македонци, Власи, Роми, Срби.
-Најбитно е да си човек. Јас сум овде во „Младост“ 40 години, откако постои берберницата. Работата оди многу добро, здравје, планирам да се проширам. Ние овде сме како семејство и не тераме политика, иако има многу поводи за тоа денес во Македонија. Но, знаете како е, луѓето постојано се оптоварени со секојдневните проблеми, а политиката дополнително ги натежнува, па кај мене во берберницата настојуваме да одржуваме пријатна атмосфера за опуштање и релаксација. За момент да се заборават проблемите. Муштеријата, освен миење, бричење или стрижење добива пиење и кафе -  вели Реџеп Демишоски.
Реџеп со занаетот се занимава од 15 години, прво како чирак во берберницата во Струга, а потоа како мајстор во своето родно струшко село Подгорци. Муштерии му доаѓаат од цело село и од соседните села Вевчани и Лабуништа. Најмногубројни се пензионерите и децата.
- Не е битно што си по националност, туку што си човек, пред с?, а потоа и каков мајстор си во работата што ја работиш. Во нашиот занает с? е со препорака, така се добиваат и се губат муштериите, а не според тоа што си по националност.  - Така велат муштерите  Александар Мариноски-Ацо, Митре Ѓорѓески и Тасим и Сабрија Арсланоски кој пола работен ден го минуваат заедно со берберот „Брицо“.
Во берберницата можат да се забележат фотографии од сите претседатели на државата Јосип Броз Тито, Киро Глигоров и Бранко Црвенковски кои на два наврата го имаа посетено Подгорци, Борис Трајковски и Ѓорѓе Иванов, како и негови фотографии  со секоја позната личност која дошла во селото, а посебно во берберницата.
За истакнување е тоа што берберот Реџеп, полуматурантите од ООУ „Гоце Делчев“ од своето село Подгорци ги потстрижува и уредува бесплатно кога се фотографираат за табло, a старите изнемоштени лица ги стриже и бричи и дома и не им наплаќа!

Стојан Кукунешоски
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3