Инфо  

Галерии

Уште еден интeрeсeн роман од Добре Тодоровски

„СЕСТРА КАСИЈАНА“

31.7.2019

Во издание на книгоиздавачката куќа ,,МАТИЦА“- Скопје, неодамна од печат излезе најновиот роман ,,СЕСТРА КАСИЈАНА“ од најшиот високотиражен македонски писател  Добре Тодоровски. Романот ,,СЕСТРА КАСИЈАНА обработува современа тематика со посебен акцент на коренитиот македонски говор и препознатлив стил на авторот.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири. Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на Господ Бог.
Покрај другото, романот содржи возбудлив приказ и за една млада девојка, исклучителен талентиран оперски глас, кој ги надминува границите, како  и нејзиниот мирен животен oд, со силна желба да се вдахне духовност на обездуховениот народ, поради што одлучува да се замонаши.
Замислата, или подобро речено целосната приказна е придонес кон нашата света вера и оние наши луѓе кои во потполност се посветиле да го слават Господа и сите наши знајни светци во кои постојано се молиме. Целта е одроденото да се препороди, да се врати животот во светите манастири, како духовна поткрепа и враќење на вербата на нашиот човек.
,, ...Овој роман, кој е  всушност романизирана историја на една (или повеќе) монашки приказни, всушност претставува новост, или подобро речено, гигантски скок во современата македонска книжнина. Еден прекрасен, непосреден, човечки пристап кон монашкиот живот. И како посебен вид на литература кај нас, ја понесува со себе и полнотата на радоста и убавината, не само во однос на содржината, ами и на стилот, нарацијата, последователноста, непосредноста...“, се посочува во рецензијата за книгата.
Романот е работен повеќе години со посета на манастири, запазување на сите канонски норми (утврдени црковни правила) и присуство на монашките послушанија.
Книгата е поделена во три  целини, на 284 страници.
Авторот е пензионер од Битола, кој по пензионирањето напиша повеќе интересни дела и е уште еден доказ дека и во третото доба може да се пишува и да се твори, на задоволство на оној кој пишува и на читателите од сите генерации меѓу кои има голем број пензионери.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3