Инфо  

Галерии

Активности на СЗПМ
Меѓународна соработка
Награди и признанија
Јубилеи
ЗП Центар - 65 годишно успешно опстојување

Достоинствено одбележување на голем јубилеј

27.10.2019

На 15 октомври 2019 година со свечена седница во просторијата на ЗП Центар имаше достоинствено одбележување на 65 години се на едно од најстарите здруженија во Скопје, но и пошироко, членка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. На седницата чест на своите највозрасни сограѓани со своето присуство им направи градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Значењето на одбележувањето на овој голем јубилеј на ЗП Центар го зголеми со своето присуство претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, како и претседателот на ЗП Солидарност-Аеродром Димитрија Богатиноски.
Свечената седница ја отвори претседателот на ЗП Центар Павле Спасев. Тој најпрвин ги поздрави ги поздрави почитуваните гости, на присутните им го честита јубилејот и при тоа рече:
-Нашето здружение опстојува 65 години и при тоа бележи значителни резултати. Во знак на придонесот на сите денес ќе доделиме плакети по тој повод.
Потоа на присутните им се обрати градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој при тоа потенцираше:
-Ви се восхитувам на вашата посветеност и активност. Вие сте пример за помладите генерации како се работи и придонесува за подобар живот на сите вас и и за подобро општество во целина. Ви го честитам јубилејот и ви посакувам уште такви значајни јубилеи.
Потоа со одбрани зборови на присутните им се обрати претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова која меѓу другото рече:
-Чест и задоволство ми е што присуствувам на одбележување на вашиот 65 годишен јубилеј. ЗП Центар е едно од најградските здруженија членки на СЗПМ. Вашите постигања се резултат на ангажираноста на секој поединец, а пред се’ на способностите на вашето раководство. Продолжите по патот по кој чекорите постигнувајќи резултати, иако секогаш може да биде и подобро! – претседателката Трајкова најави и две убави вести: покачување на пензијата и одржување на Балканска пензионерска спортска олимпијада.
Честитки до присутните по повод јубилејот на присутните им упати и претседателот на ЗП Солидарност-Аеродром Димитрија Богатиноски.
Потоа претседателот Спасов во име на здружението додели плакети на: градоначалникот Саша Богдановиќ и на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија кое признание во име на Сојузот  го прими претседателката Станка Трајкова. По повод јубилејот плакети добија и: претседателот на ЗП Центар Павле Спасев како и други истакнати пензионери активисти на здружението.
Се’ на се’ достоинствено одбележување на 65 годишно успешно опстојување!

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3