Инфо  

Галерии

Потпишан договор за соработка помеѓу СН Осигурителен брокер како давател на услугата, Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Убав пример и доказ за грижата за највозрасните жители

27.11.2019

На 25 ноември 2019 година во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија беше потпишан договор за соработка меѓу СН Осигурителен брокер АД Битола како давател на услугата, Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Во името на СН Осигурителен Брокер АД Битола договорот за деловна соработка го потпиша М-р Христо Кондовски, во името на Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, договорот го потпиша генералниот директор на Фондот Шаип Зенељи администраторот на пензии и во името на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, претседателката на Сојузот Станка Трајкова како претставник на корисниците на услугите кои ќе ги добијат пензионерите на 12 рати, а задршките ќе ги прави Фондот.

Цел на договорот е подобрување на стандардот на пензионерите, најмногубројната популација во земјата преку производите кои ги нуди давателот на услугата СН Осигурителен Брокер АД Битола.
По потпишувањето на договорот СН Осигурителен Брокер АД Битола давателот на услугата донираше три преносни компјутери и два телевизори  на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија кои ќе бидат дадени на пет здруженија со цел да се подобри нивното функционирање и нивните активности.

Потпишувањето на овој договор е убав пример и доказ за грижата за нашите највозрасни жители, кои  впрочем тоа и го заслужуваат.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3