Инфо  

Галерии

Делегација на СЗПМ на средба со премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска

26.11.2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретнаа со делегација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводена од претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Станка Трајкова. На средбата, се разговараше зa усoглaсувaњe на пензиите, како и за други прашања од аспект на стандардот на живеењето на овие граѓани.
Премиерот Заев и министерката Царовска ги информираа претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, дека се остваруваат услови за пораст на пензиите врз основа на стабилизираниот пензиски систем, најавеното ново зголемување на минималната плата, континуираниот раст на просечната плата, како и врз основа на вкупниот економски раст во земјата и дека сите овие фактори се позитивни предуслови за раст на пензиите за околу 700 денари од 1 јануари 2020 година, линеарно за сите пензионери.
На средбата со претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претседателката на Сојузот Станка Трајкова, аргументирано, меѓу другото, ги потенцираше и следните проблеми: изградба на старски и пензионерски домови за сместување на најмногубројната популација во земјата, унaпрeдувaњe нa здрaвствoтo и здрaвствeнaтa зaштитa како и потребата за добивање и на други поволности за подобар и подостоинствен живот на пензионерите, на што беше одговорено дека за поставените барања во наредниот период ќе се бараат решенија особено за згрижувањето. 

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3