Инфо  

Галерии

Тетовецот Фејзи Рустеми шампион во домино меѓу пензионерите

21.2.2020

Меѓу пензионерите кои се натпреваруваат во домино, името на тетовскиот пензионер Фејзи Рустеми веќе е добро познато. Од неговото пензионирање во 2013 година до денес, постојано е на регионалните натпревари, каде го освојува првото место и добива диплома, со што се стекнува со право на учество на републичките натпревари. И таму, меѓу најдобрите од сите региони во земјата, Рустеми веќе ниже успеси – освоено има први места и златни медали во 2014 и 2017 година, а во останатите, до минатогодишните, го освојувал високото трето место.
„Секогаш кога имам време, а како пензионер навистина имам на претек, сум меѓу вљубениците на доминото. Оваа игра сака постојани вежби, надмудрување на противникот, да си снаодлив, да знаеш да го „неутрализираш“ оној што си го предизвикал и – на крајот, неминовно е среќата да те послужи. Не е цела „филозофија“ да го ставиш „камчето“ во паралела, туку да го попречиш тој од другата страна, да го надмудриш и да го оневозможиш прв да се ослободи од „купените“ домина. Јас се обидувам да бидам рационален и мислам дека во тоа сосема успевам, ни рече Фејзи Рустеми.
Овој пензионер и неуморен играч на домино, вели дека често е во клубот на пензионери во Тетово, каде често ја испробува среќата и снаодливоста и во играње табла. Но, во тоа не може многу да се пофали, а не се ниту пријавил во оваа дисциплина. Затоа, пак, во домино „ќе играм се додека победувам“, а потоа ќе го отстапам местото на помлади и поснаодливи од мене.
Фејзи Рустеми е член на реонскиот огранок на пензионерите „Тетекс“ во Тетово. „Таму членувам и доволно ми е што сум на состаноците кога се свикуваат и собираат пензионерите од нивниот реон. Фејзи Рустеми е од таканаречените „тетовска чаршија“, оти работниот век го поминал во познатото трговско претпријатие „Интерпромет“, од каде во 2013 година се стекнал со право на пензија.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3