|
Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво
19.5.2020На седницата одржана на 13.5.2020 година, ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2020 година на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Според Правилникот на Сојузот за оваа активност:
- На огласот можат да се јават поединци, групи и здруженија.
- Може да се конкурира за: издавање на книги, концерти, театарски претстави, изложби, литературни митинзи и друго.
- Пријавите се земаат во СЗПМ или можат да се симнат од веб страницата на СЗПМ. преземете го формуларот ТУКА
- Пријавите треба да се потпишани од претседателот на здружението.
- Може да се конкурира само за еден проект, а приоритет ќе имаат автори и здруженија кои не добиле досега средства од Сојузот и дела и проекти со содржина поврзана со третата доба.
- Материјалите треба да бидат доставени во архивата на СЗПМ или по пошта на адреса:
Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија
Булевар “Кочо Рацин” бр 14 , 1000 Скопје, П. Фах 440
“За огласот за поддршка на проекти од културата и издавачка дејност за 2020 година на СЗПМ”.
- Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Огласот, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара во пријавата. Материјалите доставени на Огласот не се враќаат.
Огласот трае од 1 јуни до 20 јуни 2020 година, а резултатите ќе бидат објавени во весникот “Пензионер плус” и на веб страницата на СЗПМ.
ИО на СЗПМ
|
|